Што не треба мајката да му вели на таткото?

„Мама знае најдобро“ е изјава со која, во повеќето случаи можеме да се согласиме. Меѓутоа, драги мајки, не заборавајте колку и татковците играат важна улога во воспитувањето на децата и  колку е важно да ги поддржите во таа улога.

0
1662

Многу мајки понекогаш и несвесно изговараат зборови кои во тој момент не ги сметаат за многу значајни, но кои би можеле да ги повредат нивните партнери. Сакате среќно и хармонично семејство? Почнете од себеси и подарете му го на таткото на вашето дете најубавиот подарок – воздржете се од следните изјави:

Ти едноставно не разбираш – Всушност, разбира. Тој е родител како и вие и го саката своето дете баш како и вие. Покажете разбирање ако го барате истото и од него.

Не го правиш тоа правилно – Наместо ова, зошто не би рекле: „Пробај вака, забележав дека дека тоа повеќе му одговара на бебето“.

Дај ми го моето дете – Уф, тоа боли. Децата имаат двајца родители. Ако сакате да ги задржите мирот и хармонијата во односот со другиот родител на вашето дете, немојте никогаш да го изговорите ова.

Тоа го наследил/а од твоето семејство – Ова е исто така нешто што не е препорачливо да го кажете, освен ако не станува збор за големи стапала или за боја на очите. Ваква изјава може да резултира со многу лоши односи, а сигурно не го сакате тоа.

Не си од помош – Дури и ако само понекогаш му ја смени пелената на бебето, покажете колку го цените ова. Ако покажете задоволство, можете да го поттикнете повеќе да учествува. И спротивно.

Оди си од тука – Размислете за тоа. Дали навистина сакате да си оди? Ако не сакате, не го велете тоа.

Чекај јас, ти не знаеш – Секому му треба малку пракса, па така и на младите татковци. Можеби е малку неспретен и не е толку вешт во повивањето или во држењето на бебето, но зошто не му дозволите да стекне малку рутина?

Не можам да ти го доверам бебето – Доволно е лошо тоа и да се помисли, но ако се изговори, може само да заврши лошо. Наместо тоа, размислете зошто така се чувствувате. Можеби е добро повторно да ги прочитате изјавите под 2. и 7.?

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]