Децата на самохраните родители се помалку успешни во животот

На луѓето кои пораснале со еден родител им оди полошо во животот и се помалку задоволни, се резултатите на новото истражување

0
801

Децата на самохрани родители заработуваат во просек 30 проценти помалку и се почесто невработени од децата кои пораснале со двајцата родители, покажува истражувањето на Универзитетот Ворвик.

Исто така, тие имаат 9 проценти помали шанси да бидат во љубовна врска и имаат помалку пријатели, велат научниците.

Истражувањето опфатило 24.000 луѓе на возраст од 18-66 години, помеѓу кои 614 го поминале целото детство со еден родител, а 1539 поминале дел од детството без другиот родител.

Испитаниците на единаесетстепена скала го изразиле своето задоволство од животот (0 – целосно незадоволен, 10 – целосно задоволен). Исто така, одговарале на прашања за тоа со кого живееле во првите 15 години од животот.

Научниците ги анализирале приходите на испитаниците, бројот на посети на лекар, нивото на социјална интеграција и успехот во љубовните врски.

Децата кои раснеле со еден родител и подоцна во животот остануваат покуси за помошта и поддршката на оној другиот родител, што влијае на многу аспекти од нивниот живот. Во мадоста тоа значи помала финансиска поддршка и помалку можности за стекнување на социјални врски кои подоцна можат да ја отворат вратата за добри вработувања, вели доктор Сакари Лемола од Универзитетот Ворвик.

Научниците порачуваат дека на децата пораснати со самохрани родители би им требала поголема поддршка од државата, особено во периодот на преминување од средно на факултет и после факултет кога бараат работа.

Во земјите од Западна Европа самохраното родителство е се почесто, па 20 проценти од германските деца и 24 проценти од британските деца денеска растат само со еден родител, во 80 проценти од случаите со мајките.

[better-ads type='banner' banner='999' ]