Бебињата можат да научат да пливаат и пред да проодат!

Само напред. Не се плашете да ги научите вашите бебиња да пливаат, затоа што, како што велат и стручњаците, за тоа никогаш не е премногу рано.

0
355

Освен што пливањето на бебињата има физички предности за развојот на бебето, престојот во вода делува на детето и емоционално и психички. Имено, бебињата во вода се опуштени, а веќе околу втората година децата се способни да ја сменат положбата во вода за да го спречат голтањето вода.

Освен тоа, докажано е и дека бебињата можат да научат да пливаат и пред да проодат и колку се помали толку побрзо ќе научат.

Медицината докажала дека децата кои учат да пливат уште многу мали, можат да достигнат некои развојни пресвртници многу пред нивните врсници. Морето или базените во прв момент можат да предизвикаат страв или неодување кај малите деца, затоа е потребно да се биде внимателен при влегувањето и привикнувањето на детето. Привикнувањето пак, почнува во вашата када. Испрскајте го детето по стомакот и главата, ставете му играчки во кадата и направете го бањањето забавно.

Првото влегување во базен или море нека бидат што понежни, затоа што токму тоа подоцна ќе влијае врз стравот на детето или пак врз неговата опуштеност при влегувањето во вода.

И набавете си на време водоотпорни пелени. Не заборавајте на капче и заштита од сонцето. Доењето или хранењето со шише можете да го правите и пред и после бањањето, а кај децата кои веќе јадат цврста храна, оброк е потребно да им се даде еден час пред пливањето за да се избегнат мачнините. Во првите денови за прилагодување на детето му се доволни 15 минути во море, езеро или базен, повеќе пати на ден. Играјте ги истите игри што сте ги играле во када, па прилагодувањето ќе биде помалку стресно за детето. И не збаоравајте дека кожата на детето е почувствителна од вашата, па дури и додека се бања не е лошо да му облечете лесна памучна маица.

[better-ads type='banner' banner='999' ]