Што не треба да правите кога сте бремени иако другите ви го зборуваат спротивното

Што смеете да правите кога ќе забремените, односно, што не мора да правите – митови и вистина

0
2721

Кога ќе забремените сите околу вас се преполни со знаења, совети, прашања и предлози. Како во таквото море од информации да знаете што е добро за вас, а на што не треба да обрнувате внимание. Еве како да решите некои дилеми:

Да јадете за двајца

Да, носите во себе друго човечко суштетство, но не значи дека треба да јадете двојно. Оние кои ви советуваат дека сега, кога „храните две усти“ не се баш сосема во право. Тешко дека на бебето во вашиот стомак му треба цела порција кебапи и уште едно колаче.

Всушност, истражувањата покажуваат дека на жените до шестиот месец од бременоста им треба еднаква количина на храна како и пред да забременат, а потоа треба полека да ги зголемат порциите и тоа само за 200 калории дневно.

Да избегнувате секс

За повеќето жени сексот е сосема безбеден до самиот термин на породувањето. Одредени пози можат да бидат неудобни и непрактични, но ако е со бременоста се во ред, нема причини за апстиненција. Пред крајот на бременоста и самиот гинеколог ќе ви советува повеќе да не го практикувате.

Секако, ако постојат оправдани и медицински причини за воздржување, како висок ризик од абортус, крварење, повеќекратна бременост итн. сексот не е препорачлив.

Да го дознаете што побргу полот на детето

Иако ни се денеска достапни чудата на технологијата па полот на детето можете да го дознаете со помош на ултразвук или со испитување на крвта, не сакаат сите да знаат дали ќе родат машко или девојче.

– Како ќе ја средиш собата ако не го знаеш полот на детето, како ќе одбереш облека за бебето? Па 21. век сме – се можеби некои од коментарите што ќе ги слушнете, но не обрнувајте внимание. Набавете унисекс предмети или почекајте со купувањето додека бебето да се роди. Па и не мора се да е сино или розе.

Да ја смените исхраната

– Пази што јадеш, исфрли го благото, исфрли го соленото, не ја јади оваа риба, заборави на свежо сирење …

Не слушајте бројни совети од сите наоколу затоа што никој не знае подобро од вас што му треба на вашиот организам и што ви бара.

Одредена храна е прогласена за алергена, додека пак друга е потенцијален носител на одредени бактерии, но ниту самите лекари не се усогласени во тоа дали треба од тие намирници стриктно да се откажеме.

Исто така, можеби ќе има и такви кои ќе ви кажуваат дека сега ќе имате потреба од некои луди комбинации како што се кисели краставички со сладолед од ванила или сендвичи со путер и сенф, но не мора да биде така. Најважно е да се храните разновидно и здраво и секако, да избегнувате диети.

Да избегнувате физичка активност

Бременоста не е знак дека треба да престанете со физичките активности. Можеби не е пожелно пливање во јавните базени или возењето велосипед и трчањето маратон, но постојат низа вежби и активности кои се препорачливи за трудниците. Впрочем, многу подобро ќе се чувствувате ако останете во форма. Сепак, во високоризичните бремености вежбањето не е препорачливо.

Да изберете име за детето пред да се роди

Ова е апсолутно непотребно, опуштете се и слободно не го именувајте детето додека не се роди или… се додека законот ви го дозволува тоа.

Да престанете да пиете кафе

Ако мачнините ви дозволуваат, можете да продолжите да уживате во своето омилено кафе. Секако, треба да внимавате на дневната количина на кофеин што ќе ја внесувате а кој исто така се наоѓа и во чоколадите и кока-колата. Се додека сте умерени, кафето е дозволено без грижа на совест.

Да престанете да патувате

Ако кај вас не се утврдени никакви ризици ниту компликации, нема причина да не патувате. Идеално време за патување е второто тримесечје затоа што тогаш трудницата се чувствува најдобро, мачнибите престануваат, а породувањето е се уште далеку.

Ако патувате со автобус, понесете си дополнително перниче и не станувајте додека автобусот е во движење. Ако патувате со авион имајте на ум дека повеќето компании дозволуваат летање во осмиот месец од бременоста, додека во деветиот некои од нив знаат да побараат потврда од вашиот лекар дека е безбедно да летате.

[better-ads type='banner' banner='999' ]