Што не треба да им забранувате на децата?

При воспитувањето на децата треба да се постават одредени граници, но не треба да им се забранува се и сешто. На пример, на вашите деца никогаш не им забранувајте да ги прават овие работи доколку сакате тие да пораснат во среќни и сигурни луѓе.

0
1121

Децата треба да бидат деца, меѓутоа, родителите лесто во тоа ги спречуваат со своите многубројни забрани. За децата е нормално да ги интересира се и да сакаат што повеќе да го истражуваат светот околу себе. При воспитувањето на децата треба да се постават одредени граници, но не треба да им се забранува се и сешто. На пример, на вашите деца никогаш не им забранувајте да ги прават овие работи доколку сакате тие да пораснат во среќни и сигурни луѓе.

Јас ќе те нахранам!

Доколку оваа реченица ја користите секогаш кога вашето дете ќ го фати приборот за јадење, веднаш престанете! Знаеме дека ви е полесно вие да го нахраните затоа што во тој случај сигурно нема да се создаде таков неред каков што се создава кога јаде само, бидете реални – детето мора да научи да јаде само, а што поскоро се случи тоа, попрво ќе научи да се потпира само на себе и да биде истрајно.

Чистам, тргни се на страна!

Сигурно ви пречи кога чистите а вашето дете ви се вртка наоколу, но децата сакаат да истражуваат и да се однесуваат како возранси. Ако сакате од мали нозе да се научи на ред, дозволете му да ви помага во домашните работи. Така детето ќе се чувствува важно, ќе си ја изгради самодовербата, а вие ќе имате дете кое нема да избегнува да си ја средува собата.

Додека живееш под мој покрив, јас ќе кажам како треба!

Родителите мора да знаат дека не се секогаш во право, и дека ако тие нешто мислат или чувствуваат не значи дека тоа мора да го мисли и чувствува и нивното дете. Секогаш сослушајте го што има да каже и дозволете му да ги изрази своите желби. Ако често го прекинувате и му кажувате што е правилно, ќе направите едно несигурно дете кое утре нема да знае да се избори за своите права.

Дома не се скока

Ако имате дете и очекувате дома да ви биде средено како во музеј, време е да се замислите. Сфатете дека малите деца се уште немаат чувство за одговорност и не се свесни за „штетата“ која можат да ја направат. Исто така, тие мора некако и да го исфрлат вишокот на енергија. Наместо да го замолчувате и да го смирувате, скокајте и вие со него, играјте заедно, танцувајте на гласна музика.

Не фаќај, ќе се извалкаш!

Ако го носите детето на игралиште или во парк, нормално е дека ќе се извалка и ќе сака се да фати. Ако постојано му велите: „Внимавај“, „Не го фаќај тоа“, „Ќе се извалкаш“ и слично, ако постојано го критикувате, веднаш престанете. Наместо тоа, придруѓете му се, одете заедно на клацкалка, на лизгалка, собирајте камчиња, паднати ливчиња и одвреме навреме одете заедно и фрлете нешто во кантата за отпадоци за да види и да сфати дека во неа се фрлаат непотребните работи, наместо да се вадат оттаму.

[better-ads type='banner' banner='999' ]