Што им проаѓа низ глава на родителите на првиот училишен ден?

Денеска многу родители ќе го покажат своето вистинско лице...Некои ќе тагуваат, некои ќе се радуваат, а некои ќе помислат колку се стари

0
233

Првиот училишен ден, особено за првоодделенците, не влијае само врз децата. И родителите, а особено мајките, се полни со емоции и се чувствуваат по малку чудно, свечено, еуфорично, панично,… Дијапазонот од емоции кај различни родители е многу широк
Еве што најчесто помислуваат родителите…Во која од следните мисли се пронаоѓате себеси:

1. Колку брзо порасна
Да, првиот учиишен ден е често потсетник за тоа колку брзо ви пораснало детети и не сте единствени кои на тој ден чувствувате носталгија и се потсетувате на денот кога сте го родиле.

2. Прв ден во училиште – конечно!
За разлика од претходните кои со кнедла во грлото ги испраќат своите деца во училиште, оние чии деца денеска тргнуваат во некое следно одделение, денеска можеби слават!

3. Веќе ви недостасуваат
Не се сите родители исти па за разлика од оние кои денеска слават, има и такви кои се чувствуваат по малку изгубено и тажно иако точно знаат каде се наоѓа нивното дете.

4. Сега конечно знам дека се на безбедно
Децата кои веќе почнале самостојно да го поминуваат своето сободно врене надвор, сега добар дел од денот ќе бидат „на сигурно“. Повеќето родители си големи деца имаат проблеми со нивниот престој надвор без надзор, па се сега поопуштени бидејќи точно знаат каде им се децата.

5. Не можам да го оставам детето тука!
Постојат родители кои без грижа ќе ги остават децата на непозната учителка, знаејќи дека станува збор за сигурно училиште, но постојат и такви кои не можат да замислат да го остават своето дете во таа „лудница“, кадешто има многу нови опасности за нивното дете.

6. Остаревме!
Да, има и такви кои на ваков ден помислуваат на тоа дека и нивното дете веќе расте и дека кај да е, ќе дојде и првиот училишен ден во средно…како и уште многу други „први денови“ во животот.

7. Се надевам дека моето дете тука ќе се чувствува добро и ќе запознае многу нови пријатели
Токму ова би требало да е најдобрата реакција на првиот ден од училиштето. Не толку заради нив, туку заради децата кои со вакви мисли послободно и со многу повеќе позитивни очекувања ќе затворат една, а ќе отворат нова врата во својот живот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]