Шест типови на современи татковци

Во современото општество се менуваат и се испреплетуваат правилата и улогите, па така и улогата на татко е битно изменета. За разлика од традиципналните татковци кои ги одгледуваа децата по принципот на заповедање и воведување на системот на награди и казни, денешните татковци преземаат некои други улоги и задачи.

0
179

Една британска студија во која учествувале 60 татковци и мајки покажала дека мажите направиле голем исчекор од традиционалната улога на глава на семејството. Сепак, некои се уште се сметаат за хранители на семејството, па така и се однесуваат, други се малку пофлексибилни и не ја занемаруваат забавната страна на родителството, трети пак се се повеќе хеликопетр-родители.

Хеликоптер-татко
Современите родители често се вбројуваат во категоријата на хеликоптер-родители. Оние кои се постојано над своите деца па закажуваат превентивни педијатриски прегледи, ги проверуваат мирисот, текстурата и зачестеноста на столицата…Тие многу сериозно ја сфатиле својата улога и не сакаат да си дозволат ниту најмала грешка.

Татко забавувач
Тоа е татко кој својата татковска улога ја интерпретира како улога на забавувач на децата. Ги знае сите нивни играчки, ги испробал со нив сите лудории и иако зад себе остава неред како дете, овој симпатичен татко децата го сакаат.

Татко кој сака да го направи животот полесен
Тоа е татко кој е малку збунет во новата улога и доаѓа со милион прапања. Ќе ве праша кои намирници се добри за вас додека доите, кои пелени се најдобри за бебето, која температура е идеална за бањање…Тој ќе чисти, ќе готви, ќе го фрла ѓубрето, ќе чисти…Но за да ја развие самодовербата, му треба малку време насамо со бебето и малку по малку ќе биде се посигурен и понезависен.

Татко- хранител на семејството
Ова се татковци кои ког ќе добијат дете стануваат уште поодговорни и својата улога ја сведуваат на улога на хранител на семејството. Како во главата да се репрограмираат и се враќаат во 50-тите па се грижат за тоа да има храна на масата и на семејстото, барем од финансиска гледна точка, да не му недостасува ништо. Овие татковци треба малку да се опуштат и да се научат да се забавуваат.

Татко фалбаџија 
Овие татковци по малку одат на нерви. Тие се најгласни кога треба да се пофали детето затоа што нивното галениче почнало да лази на 5 месеци,, проодело на 11, знае и да танцува а има и прилично богат вокабулар, а и моторички е подготвен… Колку да изгледаат симпатично, треба малку да се стивнат.

Исплашен татко
Ова е навистина прекрасен татко, но едноставно не може да остане сам со детето. Ако имате договорено да одите на кафе со пријателките, веднаш ја вика мајка му да му помогне. Се ужаснува од менувањето на пелени, од заспивање, а не зборуваме за изливите на бес…

[better-ads type='banner' banner='999' ]