Одлична идеја на една мајка: Кутија за откуп

Дали сте една од оние мајки кои по цел ден одат низ куќа и ги собираат од подот играчките и предметите што ги расфрлиле децата? Ако ви е здодеано од ова, еве една одлична идеја.

0
301

Откако по којзнае кој пат ги кренала од подот работите на својот син, една мајка во Америка дошла на креативна идеја. Таа измислила „кутија за откуп“.

Имено, доколку децата после една опомена не ги кренат работите од подот, мајката ги става во една кутија за откуп во која се наоѓа коверт со задача што детето треба да ја изврши и го добива назад својот предмет дури откако ќе ја заврши задачата. Неважно дали станува збор за видео игра, за играчка, за облека или нешто друго. А листата на задачи кои можете да ги напишете на ковертот е бесконечна, од миење на садови, косење на тревата, чистење на гаражата, чистење со правосмукалка…се разбира, во зависност од возраста на детето. Оваа и други мајки кои вовеле ваква „кутија за откуп“ велат дека е ова многу делотворен и забавен воспитен метод, а децата после некое време престануваат да ги оставаат своите работи насекаде.

[better-ads type='banner' banner='999' ]