Саем за деца и родители во Сити Мол: зумба, попусти, модни ревии…

Саемот за деца и родители во Skopje City Mall ги спои семејствата со одлична забава!

0
208

Викендов во Skopje City Mall се одржа Саем за деца и родители, исполнет со многу изненадувања и забава за сите, особено за најмладите. Од петок до недела холот на трговскиот центар беше полн со насмевки и моменти на вистинска среќа.
„Настанот се покажа како вистинско освежување во време кога заради брзото темпо на живот често пати не стигнуваме да одвоиме време за нашите најмили. Прекрасно беше да се видат толку семејства заедно вклучени во најразлични активности.“ – велат од менаџментот на Skopje City Mall.

saem-za-deca-i-roditeli-3_3
Саемот за деца и родители беше отворен со одлична забава благодарение на првото Kid’s disco и парада на маскоти што обезбеди весел старт на целата програма. За време на викендот се одржаа разни работилници, танцови перформанси, како и бесплатен зумба час за деца и родители. Посебно интересен и уникатен настан беше детското Fashion Show.

21
Освен забавните и креативни активности, попустите во повеќето продавници за детска облека, играчки и други производи кои достигнаа и до 50% беа дополнителна причина за насмевки. Sportvision Kids, Office Plus, Просветно дело, Кимико, Крш тојс, Wenice, Okaidi, Chicco, Bebe home, Lapin house, Extreme intimo, Bebe confort и останатите продавници кои обезбедија попусти беа полни со задоволни купувачи.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]