Додека сите објавуваат купишта смет, ние најдовме нешто убаво

Децата од Прва руска, но и сите други кои живеат тука, имаат навистина убаво и средено катче. Ова средено зелено паркче се наоѓа во скопската населба Тафталиџе 1, спроти гимназијата 'Георги Димитров'. Ете, инспирација за останатите... Испратете ни фотографии доколку и вие имате сличен пример

0
364

Додека деновиве порталите се преплавени со грди слики од фрлен отпад, особено од Охрид кој за време на празничниот викенд беше преплавен со туристи, ние најдовме и нешто што буди надеж – средено катче пред ‘Прва руска’ во скопската населба Тафталиџе 1. Децата од оваа, но и од околните згради конечно имаат убав пример како треба да се чува природата и јавниот простор.

Се надеваме дека ќе бидат добар пример и за околните згради и дека децата кои ќе пораснат тука, а пред очи ќе им биде симпатичниот знак на кој пишува: ‘Природата моли, не уништувај ме, боли!’, ќе пораснат во грижливи и одговорни луѓе.

Затоа, делувајте, не им зборувајте. Покажете им како треба да ја чуваат природата – со дело.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]