Руски педијатар: Не ги лекуваат децата „чудотворните“ лекови, туку начинот на живот

Уште една типична заблуда е тоа што голем број возрасни се убедени дека постои лек, кој на најчудотворен начин може да влијае врз зајакнување на имунитетот кај децата. Таквите лекови поточно не постојат, а она што е на рафтовите и големиот број аптеки, тоа се „шарени лаги“.

0
1516

Многу родители веруваат дека постои лек кој на чудотворен начин може да влијае на зајакнување на имунитетот кај децата, меѓутоа, еве што советува Евгениј Комаровски, познат доктор и автор на многу книги за нега на децата.

Евгениј Комаровски, доктор по медицински науки, телевизиски водител и автор на многу книги за нега на децата, даде ексклузивно за „Спутник“ интервју за борбата против алергиите, зајакнување на имунитетот кај децата. Тој на многу едноставен начин дава совети како во денешно време да се воспитува здраво дете.

Како детето да го заштитите од алергии, доктор Комаровски советува:

– Луѓето воопшто, па и децата конкретно, имаат способност за адаптација на сите временски услови. Промената на климата може сериозно да дејствува врз човечката цивилизација, но значително е преувеличено влијанието на овие промени врз здравјето, конкретно врз децата.

Животот на современо семејство денес многу се разликува од она што било вообичаено пред 20 или 30 години. Се е поинаку: од негата на децата, до домашната техника, клима-уредите, храната, но и времето поминато на свеж воздух, кавалитетот на самиот воздух, спрот и рекреација во детските установи и предучилишни и училишни установи. Посебно прашање е денешната медицинска етика. Парола на агресивната фармакологија гласи: нема здрави, постојат само оние кои не се доволно темелно прегледани. За секој, па и најмал проблем, фармацевтската компанија смисли лек. Уште еден важен фактор се компјутерите, кои сериозно влијаат врз современото воспитување и комуникација на децата и родителите.

Сето ова го наведувам со со цел да привлечам внимание на фактот дека родителите имаат тенденција да ги земат предвид климатските фкатори како оправдување за сопствените грешки и мрзеливоста, затоа што здравјето и имунитетот на детето во почетокот се формира од начинот на живот. А мајката и таткото се тие кои го обликуваат начинот на живот на детето.

Кога родителите не можат да проценат што е добро или лошо за нивното дете, кога не умеат да организираат правилна нега, односно режим на исхрана, вежбање, шетање, капење, укажување на основната медициснка помош при честите детски болести – сето тоа доведува родителите да се повикаат на лошата клима, загадениот воздух, неорганизираната држава, лошите лекари итн.

Уште една типична заблуда е тоа што голем број возрасни се убедени дека постои лек, кој на најчудотворен начин може да влијае врз зајакнување на имунитетот кај децата. Таквите лекови поточно не постојат, а она што е на рафтовите и големиот број аптеки, тоа се „шарени лаги“.

Употребата на тие апарати служат само родителите да „ставаат рецки“; дека направиле нешто добро за своето дето. Друга цел на продавањето на таквите лекови е да се наполнат џебовите на произведувачите.

Ако сакате вашето дете да не боледува, ако сакате тоа брзо и лесно да се адаптира на животните услови и околности, кои многу брзо се менуваат, тогаш читајте, интересирајте се. А пред се, не дозволувајте детето да биде премногу облечено, немојте премногу да го храните, стимулирајте ја секојдневната физичка активност и немојте детето да го држите во стерилни услови. Со детето поминувајте повеќе време на свеж воздух и немојте да му давате „волшебни“ таблети за зајакнување на имунитетот. Пред се, на децата им се потребни мајка и татко, изјави доктор Евгениј Комаровски

Фото: tuzlanski.ba

[better-ads type='banner' banner='999' ]