Заштита на детето од киднапери и педофили: 10 работи за родителите и 10 работи кои децата мора да ги знаат

Реалност на денешницата се и потенцијалните опасности кои го опкружуваат вашето дете, без разлика дали е тоа на патот до училиштето, во дворот или во паркот. Клинт Ван Зант, поранешен агент на ФБИ, предлага 10 совети за вас и вашето дете, како да ја избегнете опасноста, но и како да се однесувате доколку дојде до несакани ситуации.

0
1696

Реалност на денешницата се и потенцијалните опасности кои го опкружуваат вашето дете, без разлика дали е тоа на патот до училиштето, во дворот или во паркот. Клинт Ван Зант, поранешен агент на ФБИ, предлага 10 совети за вас и вашето дете, како да ја избегнете опасноста, но и како да се однесувате доколку дојде до несакани ситуации.

Љубов кон децата подразбира и константна загриженост, како и потреба да ги заштитиме од разни опасности кои демнат во нивното опкружување. Еве неколку совети…


10 СОВЕТИ ЗА ДЕЦА


1. Не влегувајте во нечиј автомобил доколку тоа родителите лично не ти го рекле. Исто така, не им приоѓајте на личности кои ве следат со автомобил или пешки.

2. Не им верувајте на возрасни лица кои од вас бараат помош, на пример, бараат изгубено куче или некоја улица.

3. Брзо побегнете од некој кој ве принудува да појдете со него. Слободно викајте: Овој човек не е мојот татко (или мајка).“
4. Избегнувајте некаде да одите сами. Доколку сакате да излезете од дворот или игралиштето, задолжително прашајте ги родителите за дозвола, особено ако одите кај некого.

5. Никогаш не стопирајте! Доколку родителите не ти дозволуваат, не се возете со други луѓе.

6. Возрасните не би требало да ги раскажуваат своите тајни. Доколку тоа се случи, кажете им го тоа на родителите или на наставникот. Исто така, не дозволувајте никој да ве фотографира, освен родителите и најблиските.

7. Не би требало никој да ве допира по телото на места кои ги покрива костимот за капење, но ниту вие да ги допирате другите. Вашето тело е нешто посебно и интимно.

8. Имате право да им речете НЕ на возрасните, па дури и на роднините и пријателите, доколку се обидат да ве натераат да направите нешто противваша волја.

9. Договорете се со родителите на кој начин ќе ви порачаат дали е безбедно да појдете со некоја личност.

10. Вежбајте посебен знак, звук кој е гласен и долго трае. Така на лицето кое се обидува да ве повреди му порачувате „Знам што се обидуваш да направиш! Не сум лесна жртва!“, а на лицата во близина дека сте воопасност. Кога викате, вдишувате длабоко, добивате кислород и дополнителна храброст и сила да се кренете и да побегнете.

10 СОВЕТИ ЗА РОДИТЕЛИ

1. Клучот на успехот е во комуникацијата. Важно е да разговатрате отворено со децата за сите теми кои се однесуваат на безбедност, па дури и за евентуалното киднапирање.

2. Знаењето е моќ. Разговарајте со децата за потенцијалните напаѓачи, научете ги дека тие изгледаат како сите нормални луѓе и дека на разни начини ќе се обидат да го намамат детето.

3. Научете ги основните методи кои напаѓачите ги користат да го намамат детето: го бараат домашното милениче, прашуваат за улица, нудат слатки или пари на децата за да влезат во нивниот автомобил, се закануваат декаќе повредат некој член од семејството доколку детето не појде со нив…

4. Не обележувајте ја облеката, ранците или другите лични предмети со името на детето. Напаѓачот може таа информација да ја искористи за да ја здобие довербата на детето.

5. Договорете се до детето што да прави доколку случајно се одвои од вас и се изгуби во трговски центар, супермаркет или на некое друго јавно место. Советувајте го да побара помош од некои мајки со деца или од некоја друга жена. Можат да го побараат пултот за информации или полицаец.

6. Нека вашето дете го знае своето име и презиме, адреса, и вашиот број на телефон. Би требало да ги знае и броевите за итни случаи.

7. Би требало секогаш да знаете каде ви се децата, како и адресите и телефонските броеви на нивните другари.

8. Не заборавајте да ги обновувате податоците за детето. Фотографирајте го на секои 6-12 месеци.

9. Бидете истрајни за едуцирање на детето за сите опасности, вежбајте заедно и со глума оживете ги можните несакани ситуации.

10. Доколку вашето дете исчезне, обидете се да не паничите. Прво пребарајте ја куќата, потоа проверете да не се наоѓа кај некој од соседите или пријателите. Ако и понатаму не можете да го пронајдете, повикајте полиција. Не постои временски период кој мора да помине пред да можете да го пријавите исчезнувањето на детето.

Фото: mondo.rs/Guliver/Getty Images/Thinkstock

[better-ads type='banner' banner='999' ]