Ручкаме кашичка „Лино“

Кашичките „Лино“ се едноставен и практичен оброк и надвор од дома, кога шетате во парк, кога патувате или сте на гости.

0
375

Мечето Лино повторно ги израдува детските непца со нови вкусни кашички. Овој пат станува збор за 10 вида овошни кашички развиени со преработка на најдоброто и најфиното овошје за да се добие исклучително квалитетен производ.

Високонутритивните кашички имаат природен и фин вкус, направени се од овошки внимателно одгледани и набрани во оптималниот степен на зрелост. Сите овошни кашички „Лино“ содржат висок удел на овошје, не содржат глутен, ниту додадени засладувачи и шеќери, немаат конзерванси, бои и ароми. Идеални се за почеток на дохраната на бебето и за воведување нови вкусови. Родителите треба само да изберат помеѓу различните вкусови од богатиот асортиман и со тоа да го направат повкусен преминот од исклучиво млечна исхрана кон разновидна исхрана.

Вкусно, повкусно, највкусно

Новите кашички од банана, круша, јаболко, праска и кајсија, како и комбинациите од јаболко со банана, јаболко со круша и јаболко со слива се неодолив оброк за најмалите. Со нивниот пријатен вкус тие се неодолив 100% овошен оброк и извор на витамин Ц, без додаден шеќер (содржат само природни шеќери) и се без глутен.


Вкусната кашичка со јаболко и кекси не содржи ниту глутен, ниту млеко, лесно заситува и лесно се вари, односно изобилува со хранливи материи кои се потребни за правилен раст и развој на децата. Омилената комбинација на овошје со ориз е идеална за децата. Содржи фини парчиња ориз со идеална големина и текстура, креирани специјално за устите на малите кулинарски истражувачи. Во овој период децата веќе знаат да јадат со лажичка и се навикнуваат на погусти залаци.

Кашичките „Лино“, се едноставен и практичен оброк и надвор од дома, кога шетате во парк, кога патувате или сте на гости. Едноставно, отворете ја тегличката и добро нагостете го детското меше.

Бренд на кој му верувате

Компанијата „Подравка“ кон крајот на 2015 година воведе нови категории производи од брендот „Лино“ – овошни и овошно – житни кашички со гаранција за сигурност, идеален состав, хранливост и квалитет. Сепак, „Лино“ ги потсетува родителите дека доењето е златен стандард во исхраната на доенчињата и го поддржува доењето и по воведувањето на дохраната.

Брендот „Лино“ со децении е синоним за детска храна, на која родителите ѝ веруваат, а децата ја обожуваат. Едноставно, кој може да одолее на повикот за ручкање од мечето Лино?

На барање на децата и на родителите „Лино“ воведе нови категории овошни кашички, кои недостасуваа во асортиманот и со кои се покрива сегментот на дохрана на бебиња и деца од најрана возраст, односно од навршени 4 месеци па натаму. Со лансирањето на новите подкатегории на детска храна, брендот „Лино“ дополнително ја зајакна својата положба на пазарот со намера да стане прв избор на мајките за дохрана за нивните бебиња.

Јасно е дека секој родител го сака само најдоброто за своето дете – здрав, избалансиран и квалитетен оброк, кој е лесен за подготовка, за родителите да имаат слободно време и да го поминуваат квалитетно – низ игра, забава, едукација и прошетка со своите најмили.

Денес на пазарот постојат голем број производители на детска храна и храна наменета за дохрана на доенчиња. Понудата е разнолика и примамлива, а потрошувачите секогаш знаат да го изберат најдоброто.

[better-ads type='banner' banner='999' ]