Како изгледа рекламна кампања за поттикнување на наталитетот во Данска?

По рекламната кампања „Направи го тоа за Данска“ со која Данците се поттикнуваат на секс, забележан е скок во бројот на родени бебиња.

0
341

Данска има проблем: популацијата на оваа земја полека исчезнува затоа што се помалку луѓе одлучуваат да имаат деца. Статистички гледано данските семејства имаат просечно 1.69 деца. Изгледа дека рекламите кои го промовираат сексот се решение за овој проблем.

За Данска, за наталитет

Туристичката агенција Spies во 2014. Почнува рекламна кампања „Направи го тоа за Данска“ со која тврдат дека Данците имаат 46 % почесто секс на романтични или егзотични дестинации отколку дома. Во рекламата се повикуваат Данките да учествуваат во наградна игра такашто во текот на плодните денови добиваат попуст или „ваучер за овулација“ за патување преку оваа агенција. Доколку девојката забремени во текот на овој одмор, добива бесплатно семејно патување и пелени за бебето до 3.години.

Оваа реклама до денеска на YouTube има над 10 милиони прегледи!

Оваа агенција не запрела тука. Следната година продолжила со уште попровокативна кампања од која многумина би поцрвенеле. Кампањата има слоган: „Направи го тоа за мама“. Видеото прикажува како некои повозрасни жени мислат дека никогаш нема да станат баби. Решението е да ги испратат своите возрасни деца на активен одмор во опкружување кое би ги поттикнало да имаат секс.

Шокантен е фактот дека 9 месеци по оваа провокативна секси реклама, која се прикажувала на данската национална телевизија, е забележан значаен скок во бројот на родени бебиња.

Доколку не го направите тоа за Данска, сигурно ќе го направите за својата мајка!

Правете го тоа засекогаш!

Сега, кога е решен националниот проблем, и секако, проблемот на бабите, зошто да не се продолжи со редовен секс во текот на целиот живот? Секако, и со добрата маркетиншка реклама на истата туристичка агенција. Сексот го подобрува имунитетот, подмладува и може да го продолжи животот за 8 години! Последната реклама во трилогијата со оваа порака излегла минатата година.

„Не престануваш да имаш секс затоа што си остарел, си остарел затоа што си престанал да имаш секс“, е пораката на оваа кампања. „Прави го тоа за здравје, за деца, за внуци,…прави го тоа засекогаш“!

[better-ads type='banner' banner='999' ]