Родила четири деца во период од 11 месеци!

Многу брзо по раѓањето на втората ќерка, мама Беки забременила со тројки и така, во рок од само 11 месеци родила четири деца

0
357

Откако им се родила втората ќерка, Беки Џон и Џејсон Еванс, одлучиле да имаат и трето дете. Бидејќи нивната најстара ќерка имала девет години сакале помеѓу другите деца да има помала разлика во возраста. Беки набрзо забременила, но не со едно дете, туку со три. Така во рок од само 11 месеци, таа донела на свет четири деца!

Ова звучи прилично неверојатно. Но бебињата биле зачнати по природен пат и секое бебе имало своја постелка. Иако породувањето поминало добро, ова е исклучително редок случај. Повеќето лекари им препорачуваат на жените да се воздржат од полни односи барем шест недели по породувањето за да може телото да се опорави, а бидејќи хормоните и ментсруалниот циклус се уште не се стабилизирани, помала е шансата за зачнување веднаш по породувањето, особено толку брзо.

[better-ads type='banner' banner='999' ]