Олуја исфрлила десетици илјади киндер јајца (ВИДЕО)

На брегот на германскиот остров Ландеог морето исфрлило десетици илјади киндер јајца, еден ден после големата бура во тој крај

0
269

Децата и возрасните навалиле на плажите преполни со црвени, сини и жолти пластични јајца со играчки. Се протегале во должина од неколку километри.
„Веројатно има повеќе од 100.000 јајца“, рекол градоначалникот на Лангеог, Уве Гарелс.

И додека децата се радувале, нему тоа не му било смешно. „Ова е големо еколошко загадување и голема опасност за животните“, рекол Гарелс.
Властите веруваат дека киндер јајцата потекнуваат од пет контејнери кои паднале од товарен брод за време на бурата.

Киндер јајцата испливале на брегот без чоколадната обвивка, а покрај нив имало и пластични кеси со Лего Стар Ворс фигури.

[better-ads type='banner' banner='999' ]