Според едно неодамнешно истражување, денеска на повеќе мајки им треба операција за да донесат на свет бебе, како последица од нивната тесна карлица. Истражувањето покажало дека бројот на случаи кога бебето не може да се спушти во родилниот канал се зголемил. Историски гледано, овие гени порано не преоѓале од мајката на детето затоа што пред да почне да се употребува царски рез, жените и бебињата во вакви случаи умирале на породување. Истражувачите од Австралија тврдат дека сега овој тренд на се повеќе жени кои се породуваат на овој начин ќе продолжи, а породувањето по природен пат ќе стане застарен метод.
„Без модерната медицинска интервенција таквите проблеми се често смртоносни и ова од еволуциска перспектива е селекција. Жените со тесна карлица не би преживеале на породувањето пред сто години. Сега преживуваат и ги пренесуваат своите гени на тесна карлица на своите ќерки“, велат научниците.