Како да воспитате дете на кое ќе можете да се потпрете?

Со помош на основните правила воспоставени од психолозите воспитајте дете кое ќе верува дека е супер јунак и дека во животот може да постигне се за да можете кога ќе остарите да се потпрете на него

0
662

Родителите се секојдневно соочени со дилеми, предизвици, стравови, со прашања дали го воспитуваат правилно своето дете. За да им олеснат, психолозите селектирале неколку најважни правила кои ја прават суштината на доброто воспитување

  1. Ако сакате да воспитате самостојно дете, дозволете му да згреши без да се замешате. Запомнете: на долгорочната добивка – тинејџер кој знае сам да ги испере алиштата и да ја вклучи машината, може да и претходат неколку неуспешни обиди и обоени алишта.
  2. Кога станува збор за домашните задачи, придржувајте се до три правила: 1 правило: Прво да заврши со најтешката задача. 2 правило: Да се тргне мобилниот од видното поле. 3 правило: Штом се заврши домашното, нека се намести чантата за следниот ден и нека се остави покрај врата. Овој процес од три чекори детето може лесно да го усвои па така и вие нема да мора многу да го гњавите околу завршувањето на домашните.
  3. Запамтете: нападите на бес често се случуваат и затоа што е детето гладно, вознемирено, осамено и уморно.
  4. Учете го детето дека секој ден мора да им помага на другите луѓе а не само кога се празници. Поттикнете го барем еднаш во неделата да направи некое мало добро дело, на пример, да му купи на соседот леб, да му донесе весник и слично. Фокусирајќи се на другите, детето ќе научи да биде благодарно.
  5. Истражувањата докажале дека 7-годишниците кои немаат одредено време за спиење имаат повеќе проблеми со однесувањето од оние кои секоја вечер одат на спиење во исто време. Затоа бидете строги околу ова.
  6. Пуштете го да чита што сака. Децата кои читаат од сопствено задоволство а не затоа што нешто им е наложено да прочитаат ќе развијат многу пошироки погледи на свет а и онака е најважно да стекнат навика за читање.
  7. Ако го наградите со 50 или 100 денари кога ќе го намести креветот или пак ќе оди да го фрли ѓубрето, детето ќе очекува секогаш кога нешто ќе направи з ада ви помогне да биде наградено. Давајте му месечен џепарлак з ада научи да располага со парите, или генерално затоа што добро се однесувал, но не го наградувајте за парцијални работи.
  8. Учете го да биде самоуверено и храбро, нека учи од вашиот пример за ситните здрави ризици во животот.
  9. Не гответе за него посебно. Мора да научи да јаде тоа што го јаде целото семејство.
  10. Бидете особено внимателни кога ќе наполни 14 години. На таа возраст детето почнува да размислува со своја глава, наместо само да го следи „водачот“. Ако сакате што побргу да почнме да размислува со своја глава, поттикнувајте почесто разговори з анеговите пријатели за да дознаете со кого се дружи.
  11. Победете ги стравовите заедно. На пример, ако се плаши од кучиња, не го водете на другата страна од улицата, туку кажете му: Види, куче! Ајде да го прашаме газдара дали смееме да го погалиме. Кога го носите на инекција, бидете сочувствителни, но не премногу емотивни. Кажете му: „Знам, боли, ама бргу ќе биде готово!“
  12. За да биде потивко, стивнете го прво вие сопствениот глас. На овој начин детето ќе се фокусира на она што му го зборувате.
  13. Ако сакате да бидете добар родител, мора да водите сметка и за себе. Родителите кои се лушуваат од одмор, храна и од забава заради децата, не му прават услуга никому. Одвојте барем 15 минути дневно за опуштање во топла бања.
[better-ads type='banner' banner='999' ]