Правилата на еден татко: Јас не одгледувам принцези!

Овие правила за момчињата кои се заинтересирани да излегуваат со неговите три ќерки, станаа хит на социјалните мрежи

0
156

Пред една недела Џ.Ворен Велч, татко и поет ги споделил на Фејсбук своите правила за момчињата кои сакаат да излегуваат со неговите три ќерки. Како татко, тој размислувал за деноивте кога момчињата ќе почнат да се интересираат за неговите три ќерки и ќе посакаат да излегуваат со нив.

Како мажи, сите татковци се сеќаваат како е да се биде млад адолесцент. Момче кое можеби нема да има најдобри намери. Момче кое може да манипулира со девојка и да ја остави со скршено срце. Се разбира, ова не е нешто за кое било кој татко сака да размислува.

И додека во минатото татковците беа премногу заштитнички настроени кон своите ќерки и подготвени да употребат пиштол против секое момче кое ќе им се приближи на нивните ќерки, Денешните татковци повеќе сакаат да одгледаат силни и независни ќерки, подготвени да го освојат светот.

Конечно, дали вие би сакале вашите ќерки да пораснат мислејќи дека мажите треба да носат одлуки независно од нивните желби и потреби?

Таткото и поет Џ. Ворен Велч совршено ја сумирал оваа линија на размислување во еден пост на Фејсбук кој ги содржи неговите едноставни правила за момчињата кои се заинтересирани да излегуваат со неговите ќерки.

Всушност, неговите правила се толку едноставни што можат да се сумираат само во едно: неговите ќерки ги создаваат правилата, а не тој. Во насловот на својот пост тој вели: „Јас не одгледувам принцези“. Ова го елаборира вака:

„Ќе мора да ги прашате кои се нивните правила. Не ги воспитувам моите девојки да бидат такви жени на кои им е потребен нивниот татко да глуми посесивно страшило со цел да бидат третирани со почит. Ќе ги почитувате, зашто во спротивно ветувам дека нема да им треба мојата помош за да се вратат на вашето место. Со среќа тикво.“

[better-ads type='banner' banner='999' ]