Пет совети за родителите на ученици, од американскиот гуру за родителство

Купете им будилник, не претерувајте со пофалбите, не ги затрупувајте со вон-училишни активности, не ги прашувајте како поминале на училиште, туку...

0
361

Доктор Кевин Леман е меѓународно познат психолог, радиска и телевизиска личност и говорник, член на Здружението на американски психолози.
Автор е на повеќе од 30 бестселери и наградени книги и учествувал во сите најгледани и најслушани американски радио и телевизиски програми.

Прочитајте ги неговите совети за родителите на ученици.

1. Никогаш не го прашувајте детето дали има домашна работа.
Создадете таква атмосфера во семејството што детето ќе знае дека очекувате да има добар успех во училиште и да дава се од себе, но самото да е одговорно за своите обврски, како што се домашните задачи. Секако, ако детето не ги исполнува своите училишни обврски и тоа се одразува врз успехот, ќе му ускратите разни привилегии како што се излегувања, дружења, родендени, играње на компјутер или одење во кино.

2. Престанете да ги будите своите деца и секојдневно да ги побрзувате за да не задоцнат во училиште.
Вие не сте будилник во човечки облик. Децата треба да добијат свој будилник и тука престанува секое ваше ангажирање околу станувањето. Секако, на почеток сигурно ќе доцни, но вие ни случајно не треба да го штитите од последиците. Нашишете ѝ на учителката порака и објаснете ѝ дека детето нема никакво оправдување за своето доцнење и барајте од неа да постапи онака како што се постапува со децата што доцнат на часови. Секако, ако неговото доцнење се одразува врз успехот во училиште повторно стапува на сцена ускратувањето на привилегиите.

3. Не претерувајте со пофалбите. Кога детето ќе донесе од училиште петка на контролната, не го величајте премногу, туку кажете нешто како: „Ооо, тоа е баш добро за тебе“! Со тоа му давате на знаење дека не учи за да ве направи вас среќни, туку за да има успешен живот.

4. Никогаш не го прашувајте „Како беше на училиште?“
Добро знаете дека со прашања од овој тип нема ништо да дознаете, а сепак упорно ја повторувате оваа реченица секој ден Наместо тоа, молчете и чекајте детето само да почне да зборува. Кога ќе се случи тоа, никогаш не му поставувајте здодевни прашања, туку користете ја волшебната реченица: „раскажи ми повеќе за тоа“. За почеток, станува збор за заповед, а не за прашање и тоа за заповед која воопшто не звучи авторитарно па детето ќе ја прифати без отпор, а вие конечно ќе почнете да добивате вистински информации.

5. Не дозволувајте детето да биде затрупано со вонучилишни активности. Децата треба да минуваат повеќе време во семејството затоа што таму го градат карактерот и усвојуваат вредности. Секојдневното трчање од тренинг на часови по странски јазик, тренинзи и слично, ќе го упропастат вашиот семеен живот а вас ќе ве претворат во зомби. Придржувајте се строго до правилото – само една вонучилишна активност по дете. А кога веќе детето ќе почне да тренира фудбал или да учи јазик, не му дозволувајте брзо да се откаже, туку натерајте го да истрае некое време, затоа што ништо не е лесно кога првпат ќе пробате. Предупредете го дека ќе мора да се задржи на овие активности шест месеци пред да може да се префрли на нешто друго.

[better-ads type='banner' banner='999' ]