Отворена прва банка за мајчино млеко

Прваата непрофитна банка на мајчино млеко е отворена во среда во американската сојузна држава Њујорк за неопходното млеко да можат да го добијат бебињата чиишто мајки не можат да им го обезбедат.

0
448

Првата непрофитна банка за мајчино млеко е отворена во средата во американската сојузна држава Њујорк, за да можат неопходното млеко да го добијат бебињата чиишто мајки не можат да им го обезбедат.

Организацијата го собира и го пастеризира мајчиното млеко од донорки, па потоа го праќа насекаде низ државаата за предвремено родените бебиња.

Ерика Ханкинсон, координаторка на донорки во банката за млеко во Њујорк, рекла за „Индепендент“ дека жените кои прерано се породуваат често се соочуваат со многу стрес па нивните тела не се подготвени да почнат да произведуваат млеко. Едно од десет бебиња се раѓа предвремено, додала таа.

Родителите на предвремено родените деца се благодарни за новата банка, но постојат тешкотии во пронаоѓањето на донорки.

На Центарот му се потербни околу 5.915 литри млеко за да го нахрани најризичното бебе во сојузната држава Њујорк. Ханкинсон вели дека еден отсто жени кои можат да произведат млеко се одлучуваат да донираат.

– Среќни сме и да видиме пораст во бројот на жени кои ни се јавуваат поради донации, тоа е прекрасно. Навистина сакаме тоа болниците да го прифатат – рекла Ханкинсон.

Донорките не добиваат пари, а мораат да ги задоволат строгите критериуми за да можат да донираат, како на пример, да не консумираат никотин и други супстанции кои би можеле да бидат штетни за бебето.

Мајчиното млеко ја пружа најдобрата исхрана за бебето и штити од бројни инфекции опасни по живот, посебно кај чувствителните предвремено родени бебиња. Поради тоа, битно е постоењето на еден ваков центар, посебно за оние бебиња кои се родени пред време.

[better-ads type='banner' banner='999' ]