Осум важни совети за успешна комуникација со тинејџери

Тинејџерите ќе заборават многу формули, лектири, историски податоци, но животните лекции кои ќе ги научат со ваша помош ќе им останат во трајна сопственост

0
395

Адолесцентите се во најбурниот период од животот соочени со бројни задачи кои се пред нив, а родителите се почесто талкаат барајќи волшебна формула за својата воспитна улога и авторитет.
На што можете да влијаете со воспитувањето кога станува збор за адолесценти, како да ги поддржите во обидот да ги разберат своите чувства и чувствата на другите луѓе, како да научат да комуницираат, да носат одлуки, да ја преземаат одговорноста за својот живот?

Препознајте ги и почитувајте ги чувствата на адолесцентите

Тргнете од себеси. Колку ви е вам полесно кога имате некој кому можете да му кажете како се чувствувате? И тоа често ви е сосема доволно. Порачајте му на адолесцентот дека се чувствата важни и дека е добро да разговара за своите чувства затоа што тоа ни помага подобро да се разбереме, да си помогнеме едни на други или да спречиме конфликт.

Дозволете го секое чувство, но не и секое однесување

Често се слулува адолесцентот да изјавува дека мрази некого, а со тоа да прикрива некоја лутина. Во ситуации кога е адолецснтот преплавцен со емоција е исклучително важно да поставите граница и да му дозволите да чувствува, но не и да се однесува такашто ќе се загрози себеси и другите. Тоа поставување на граници кое им е неопходно на адолесцентите е потребно за да не се загрози својот и туѓиот живот, здравјето и безбедноста.

Прецизирајте ги правилата

Утврдете ги правилата, изразете јасни очекувања во поглед на почитување на правилата и доследно водедте сметка за тоа како се спроведуваат. Тоа кај адолесцентите развива чувство на сигурност. Повикајте се на врховните врендопсти кога ги дефинирате правилата кои ги штитат животот, здравјето и безбедноста. Нагласете им дека околу овие правила нема да ореговарате со нив. Важно е да бидете свесни колку им се на адолесцентите потребни границите во однесувањето. На нивниот пат на растењето има многу дезориентираност и недоумици како последица од тоа што не постојат граници или пак се тие лабилни.

Препознајте што се случува кога вашата комуникација ќе тргне во погрешна насока

Една од тие погрешни насоки е ако проценувањето и вреднувањето на некое нивно однесување се претвори во критикување, морализирање или давање на готови решенија по принципот, јас знам што е најдобро за тебе. Најчестите ефекти од ова се едносмерна комуникација, неприфаќање на пораките, понекогаш и отпор.

Развивајте позитивен став кон грешките

Важно е да ги поттикнете да ги сфаќаат грешките како нужен чекор во процесот на учење, на работа и доаѓање до резултати. Никогаш не ги исмевајте заради некоја грешка или незнаење. За учениците со помала самодоверба грешката е доказ за неспособност, затоа тие стравуваат да почнат, одолговлекуваат и често се откажуваат уште после првиот чекор.

Пофалете ги адолесцентите на соодветен начин

Пофалбите заради способност води кон создавање на траен ментален став. Пример на таква пофалба е: „Навистина си паметен, генијалец!“ Трајниот ментален став е гледиштето дека успесите се резултат на способностите. Така личноста верува дека способна или неспособна. Акјо е успешна, тогаш е способна и не мора да учи, а ако е неуспешна, тоа значи ека е неспособна и дека затоа нема причина ниту да се труди. Родителите и наставниците кои на овој начин ги фалат децата заради способноста и талентот, ја развиваат кај нив потребата постојано да бидат совршени, но поттикнуваат и загриженост дали тоа ќе го постигнат.

Критикувајте го пасивното однесување и конфронтирајте се со нив

Како израз на пасивно однесување кај адолесцентите често ќе видите бесцелни активности, грицкање нокти, претерано јадење, нервозно тропкање со нога под маса, бегање од часови, агресивно однесување кон врсниците или кон возрасните, а во некои случаи и самоповредување. Овие однесувања се сигнал дека адолесцентот прибегнал кон некој од несвесните маневри за избегнување на соочувањето со проблемот и неговото решавање. Адолесцентите често ги негираат своите способности, односно личната моќ за промена на однесувањето. Тогапш конфронтирањето треба да оди во насока на поттикнување на свесноста за однесувањето и одговорноста за таквото однесување.

Вежбајте поставување на цели

Поставувањето на цели поттикнување на усмереност кон иднината. Кај некои адолесценти препрека во постав увањето на цели претставува движењето во доменот на фантазијата и замислувањето на саканата иднина без увид во реалните препрекуи. Од друга страна, некои адолесвценти гио истакнуваат во прв план препреките заради шпто остануваат блокирани, не можат да одредат цели и се откажуваат. Проверете дали адолесцентот ја формулира целта во формата МОРАМ да. Ако е така, тоа укажува на внатрешен притисок кој може да биде последица од конфликтот заради барањата на возрасните. Ако ученикот ја формулира целта како ПОЖЕЛУВАМ да…, често е во раслекор помеѓу саканото и реалноста. Формулацијата САКАМ да… е порв чекор кон добрпо и прецизно формулирање на целите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]