Очи во очи со бебето: Како влијае родителскиот поглед на бебешкиот мозок?

Кога доаѓа до интеракција помеѓу родителите и бебињата, доаѓа до синхронизација на работата на срцето и емоциите. Меѓутоа, досега беше малку познато дали доаѓа до синхронизација на работата на мозокот и кои се евентуалните последици од тоа.

0
700

Истражувачите од Кебриџ спровеле студија за да ја испитаат поврзаноста на деловите на мозокот кога родителот комуницира со бебето, пренесува Science Daily.

Претходно е утврдено дека кога две возрасни личности водат разговор, комуникацијата е поуспешна доколку нивните мозочни бранови се синхронизирани.

Научниците ги следеле мозочните вијуги на 36 бебиња и со помош на електроди ги мереле мозочните реакции и активности на присуството и погледот на возрасни личности и на нивните родители.

Закучокот до кој дошле покажал дека мозочните бранови кај бебињата се најмногу синхронизирани кога погледот ќе им се сретне со возрасна личност, додека најсилен сигнал е регистриран кога родителот се гледа директно во очи со бебето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]