Нова причина да бидете горди на лузната од царскиот рез

Научниците откриле дека феталните клетки во ткивото на лузната од царскиот рез произведуваат колаген и така му помагаат на телото на мајката да се опорави од раната после операцијата.

0
550

Феталните клетки остануваат во телото на мајката до крајот на нејзиниот живот. Тие помагаат во борбата против ракот на дојка, а ако се „непријателски“ можат да предизвикаат и некои автоимуни болести кај мајката. Но неодамна научниците откриле дека феталните клетки во ткивата од лузни, особено во лузните од царски рез, произведуваат колаген. Така фетусот всушност му помага на телото од мајката да се опорави од раната по операцијата.

Ова навистина неверојатно откритие може да им помогне на мајките кои се породиле со царски рез полесно да ја прифатат лузната. Додека многу мајки ја кријат, многу други мајки се гордеат со оваа лузна. Минатата година на интернет се прошири фотографија од мајка со бебе на која јасно се гледа лузната од царскиот рез. Зад неа стои личната приказна на фотографката, инаку трудница која и самата се плашела од царски рез, но оваа преубава фотографија и помогнала полесно да го прифати овој вид на породување.

11921668_942389002488934_5979308526132468942_n

Популарноста на оваа фотографија можеби лежи во фактот што е тоа една од ретките фотографии на ваква лузна, а која е исто така дел од мајчинството како и стриите или брадавиците на дојките кои с егледаат на фотографии од доење.

[better-ads type='banner' banner='999' ]