Научниците за вечната дилема: Не ги тепајте децата!

Студијата објавена во списанието Journal of Family Psychology покажала дека децата кои добиваат ќотек како дисциплинска мерка имаат поголеми шанси да станат агресивни и асоцијални.

0
1161

Праксата на родителите да ги казнуваат своите деца за лошото однесување со „плескање по газот“ или со „заушки“, има ист ефект како и физичкото малтретирање, покажало истражувањето спроведено на повеќе од 160.000 деца во текот на последните 50 години.

Водителот на студијата, докторката Елизабет Гершоф, истакнала дека нивната студија била фокусирана на она што многумина го сметаат за „плескање по газот“, а не за потенцијално насилство над детето.

„Откривме дека удирањето по газот е поврзано со несакани штетни ефекти, како и дека во ниту една мерка не е поврзано со повинување, што е намера на родителите кога се трудат да го дисциплинираат своето дете“, објаснува др. Гершоф.
Оваа студија „плескањето“ го дефинирала како удар со отворена дланка по екстремитет или по задникот. Утврдено е дека таквата реакција на родителите имала исти негативни ефекти по детето како да е над него спроведено физичко насилство – на тој начин се поголеми шансите да постигнете контраефект, односно, вашето дете е биде помалку дисциплинирано, тврди доктор Гробан Кејлор.

„Студијата покажала дека таков вид на удари само ја зголемува веројатноста од несакани резутати. Таквата реакција на родителите може  да доведе само до спротивното од она што родителите го сакаат“, истакнал тој.
Дури 80 отсто од децата се казнувани на овој начин, а причината за ваквите казни научниците ги објаснувааѕ со претпоставката дека и тие бие на истиот начин казнувани како деца.

„Ние како општетство ги толкуваме плескањето и физичкото малтретирање како различни однесувања. Меѓутоа, ефектот е ист, само во помала мерка“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]