Дали на малите девојчиња треба да им се дозволи да носат градник?

Во ова нема ништо лошо дури и кога не постои реална потреба за истото. Но само доколку се градниците адекватни за возраста

0
557

Децата не треба да чувствуваат никаков срам поради своето тело или поради растењето и физичките промени кои доаѓаат со него.

Многу родители ги вознемирува фактот шшто се прават и се рекламираат градници за девојчиња во предпубертетска возраст.

Понекогаш, кај оние кај кои пубертетот почнал нешто порано, а денеска тој почнува помеѓу 8 и 13 години, постои реална потреба за носење на градник, но нема ништо лошо да им се овозможи да имаат градник дури и кога за него немаат потреба.

Не постои ништо врзано за секс во адекватните градници за девојчињата кои сакаат да ги имаат. Постојат дезени дизајнирани специјално за девојчиња, како што постојат и за тинејџерки. На пример, постои цела линија која е инспирирана од филмот „Војна на ѕвездите“.

Марни Голденберг, здравствена советничка и воспитачка по сексуално образование која и помага на родителите да воспитаат сексуално интелигентни деца, објаснува дека носењето градник е сосема во ред и е норммално кај некои деца.

„Некои деца внимателно ги гледаат активностите и однесувањето на возрасните и навистина се соживуваат со нив. Тоа е во ред и не значи дека е се впуштат во сексуални односи порано од другите“, вели Голденберг. Таа исто така вели дека има и шестгодишници кои сакаат лак на ноктите и да шетаат наоколу во чевли со потпетица. Сето тоа е во ред, како што е во ред и носењето на памучен градник под маицата.

Иако повеќето жени размислуваат за својата сексапилност кога купуваат градник и сликата на жена во градник ја посматраме во сексуален контекст, децата се поинакви. Вашата ќерка можеби бара градник затоа што сака да изгледа поскромно, можеби се чувствува поудобно додека го носи или едноставно ѝ се допаѓа како изгледа. Сето ова се добри причини да ѝ купите градник доколку го сака. Ако е многу малечка, купете ѝ спротски градник или тесна маица на бретели. Ова може да ви биде и прва можност да ѝ кажете на својата ќерка дека промените низ кои ќе минува се прекрасни, како и дека секогаш ќе бидете тука за да ја сослушате и да ја поддржите без осудување. Прифатете ја оваа животна фаза на вашата ќерка со ентузијазам и со гордост, а не такашто ќе ѝ кажете дека не ѝ и треба, ќе ја засрамите и ќе ја натерате да се повлече и на процесот на промени кои кога и да е, ќе почнат да ѝ се случуваат, да гледа како на една голема мистерија.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]