Научете ги како да учат

Ако детето само чита, а притоа не вежба и не го применува тоа знаење, знаењето брзо ќе исчезне. Затоа треба да се прават белешки. Едно од правилата на успешното учење гласи: Не ја врти страницата, без нешто да забележиш.

0
519

Целта на учењето е важен предуслов за успешно учење и помнење, затоа што без него учењето би било сведено на гледање во книгата или во домашната задача, како и опуштено читање кое не обезбедува помнење на прочитаното. Активно и успешно учење се обезбедува на следниов начин:

Со читање на глас

Со одговарање на поставените прашања на крајот од секоја лекција

Прераскажување на наученото

Редовна изработка на домашни задачи

Подвлекување и запишување на важните принципи

Правење на белешки

Ако детето само чита, а притоа не вежба и не го применува тоа знаење, знаењето брзо ќе исчезне. Затоа треба да се прават белешки. Едно од правилата на успешното учење гласи: Не ја врти страницата, без нешто да забележиш.

Правењето на белешки има повеќе предности:

Белешките стануваа извор на мотивација затоа што се тие конкретен производ кој на детето му дава чувство дека нешто постигнало. Тие се производ кој родителите можат да го поттикнуваат, прегледуваат и да го следат напредокот.

Најважната предност е во тоа што забелешките даваат увид во напредокот кој му овозможува на ученикот да продолжи кадешто застанал. Без навиката за забележување повеќето ученици ќе почнат таму кадешто и претходно го почнале учењето. Со забелешките знаеме каде сме застанале и можеме да продолжиме со новиот материјал.

Кога ќе дојде време за повторување, материјалот е стеснет во белешките, мемо-картичките, табелите и потсетниците кои се гаранција дека она што е важно ќе биде и запомнето. Затоа е учењето сериозна работа.

Кога ќе се приближи времето за контролна или писмена задача или за испрашување, детето кое има навика за бележење ќе може да го повторува материјалот од сопствените белешки. Успехот е загарантиран!

Доколку вашиот ученик се плаши од тестови, нека состави со ваша помош сопствена верзија која би била колку што е можно послична на вистинската верзија. Доколку станува збор за тест со повеќе понудени опции, детето треба внимателно да ги прочита и да ги елиминира опциите. Со отфрлањето на грешните опции се усмерува на точните и со тоа ги зголемува шпансите да ги воочи минималните разлики во одговорите.

Важен е и односот на детето кон наставникот. Добриот однос го поправа активното учење, а тоа пак ќе ги поправи оценките. Ученикот влијае врз ставот на наставникот, како и обратно. Ако може да бира, би било добро да седи поблизу до таблата и да го гледа наставникот во очи во текот на предавањата, што претставува вештина на активно слушање.

Постои и искуствено учење.

„Искуство не е она што ни се случило, туку она што ќе го направиме со тоа што ни се случило“. Зошто е учењето низ искуство (активност) толку важно?

Затоа што задржуваме:

10% од она што ќе го слушнеме

15% oд она што ќе го видиме

20% од она што ќе го слушнеме и видиме

40% од она што ќе го продискутираме

80% oд она што директно ќе го искусиме

90% од она на што сакаме да ги научиме другите.

Помогнете му на вашето дете да стекне предност со тоа што ќе му покажете како се учи активно. Предноста што ќе ја почувствува од активното учење ќе се одрази на позитивната самоперцепција, на самопочитта, самодовербата, доброто позиционирање помеѓу врсниците и добар однос со наставниците.

[better-ads type='banner' banner='999' ]