Сите мајки е се согласат со тоа дека мајчинството е најубавата промена што им се случила во животот. Секој го воспитува и се однесува кон детето на свој начин, но сепак постојат ситуации во кои новопечените мајки знаат да претераат.
Ако сте и вие новопечена мајка, а имате пријатели кои немаат деа, воздржете се од овие пет навики:
Разговор со бебето преку телефон
Гугање, гласно смеење или навестување за првите зборови, на мајките им се битни и од среќа би сакале да ги споделат со целиот свет, што е и разбирливо. Но секој глас на разумот паѓа во вода, кога ентузијазмот ќе ја преземе контролата. Некои мајки се склони кон тоа да ја стават слушалката на увото на бебето за да можат нивните пријатели од другата страна да „зборуваат“ со бебето, кое ништо не разбира.
„Смрдливи“ барања
Менување на пелени пред очите на пријателите би било нелогично да се избегнува и ретко кој би ви забележал за ова. Сепак, кога барате од пријателите наместо вас да ја мириснат пелената и да откријат дали е време да се менува- тоа е вее знак дека претерувате. Веројатно од пристојност никој нема да ве одбие, но затоа пак е можно долго после тоа да ве избегнуваат.
Константно самосожалување
Никој не го оспорува фактот дека улогата на мајка е најтешка работа во животот, но не оспорувајте ниту вие дека сами сте го одбрале сегашниот начин на живот. Токму затоа, престанете во текот на секое дружење со пријателите да истакнувате колку е важно родителството, притоа тагувајќи по лудите ноќни забави и слободното време.
Не слушате во текот на разговорот
Сите мајки се склони на една навика која е тешко да се толерира. Доверливи, интимни разговори прекинатите со вашиот врисок, предупредувања и разговор со детето јасно даваат на знаење дека глумите дека ја слушате интимната исповед на пријателката. Одвојте барен еден час, или еден ден во неделата за да поминете квалитетем разговор со пријателите. Инаку вашата добра намера ќе го изгуби смисолот.
Злоупотреба на љубезноста
Јасно е дека пријателите ја разбираат вашат состојба на замор и исцрпеност. Но тоа никако не вве оправдува ако ја злоупотребувате нината ввеликодушнист. Да се причува детето е голема и напорна задча за оние кои немаат деца, па не се сите подготвени да ја прифатат. Затоа избегнувајте да им го „тупнете“ детето на гостите а да се истуширате.