Методи на воспитување кои ги применуваат родителите на успешните деца

Со анализа на големи количини на податоци стручњаците дошле до осум заеднички методи кои родителите на успешните деца ги применуваат во нивното воспитување, еве и кои се...

0
1757

Со анализа на големи количини на податоци стручњаците дошле до осум заеднички методи кои родителите на успешните деца ги применуваат во нивното воспитување, еве и кои се…

Секој родител сака неговото дете еден ден да биде самостојна и успешна личност. Меѓутоа, иако не постои рецепт за одгледување деца, научниците тврдат дека многу нешта зависат од родителите, односно од вредностите што им ги всадуваат во раниот период.

Еве кои методи во воспитувањето применуваат родителите на успешните деца: 

Децата мора да ги извршуваат домашните работи

Децата кои имаат задачи и помагаат во домот, учат дека работата донесува резултати и дека тие самите мора да се трудат за да бидат дел од тимот. 

Социјални вештини

Студијата покажала дека децата кои имаат добро развиени социјални вештини имаат поголеми шанси за добивање факултетски диплома. Затоа стручњаците истакнуваат дека е важно дека децата од родителите да ги научат правилата на однесување во работната возраст.

Високи очекувања

Стручњаците велат дека родителите треба да имаат високи очекувања од своите деца, бидејќи тоа ги наведува да бидат подобри. Студијата покажала дека 96 отсто деца чии родители очекувале да се запишат на факултет имале најдобри оценки на приемните испити.

Здрава врска

Студијата покажала дека децата, чии родители имаат складен брак, стануваат поуспешни поединци од оние кои доаѓаат од дисфункционални семејства. Стручњаците напоменуваат дека разводот на родителите не игра битна улога ако родителите останат во добри односи.

Математика

Учењето математика во раната возраст му дава на вашето дете предност. Тоа е основа која би требало да ја научи низ играта и подоцна да развива математички вештини во училиштето.

Поврзаност со децата

Многу студии покажале дека првите три години од животот на детето се многу битни за неговиот успех. Родителите мора да им посветат внимание на децата, да си играат со нив и да изградат здрава врска.

Без стрес

Ако родителите се под стрес, тоа може да има негативно влијание на детето. Во денешниот брз свет тешко е да се усогласат работата и семејството, но стручњаците наведуваат дека родителите би требало да работат на себе и помалку да се нервираат, бидејќи тоа, на крајот, ќе има позитивно дејство и на нив и на детето.

Вработени мајки

Студијата покажала дека децата на вработените мајки имаат повеќе образование и заработуваат повеќе. Стручњаците тврдат дека ако мајката работи, тоа има позитивно дејство и на машките и на женските деца.

Фото: www.yumama.com/ Shutterstock

[better-ads type='banner' banner='999' ]