Метод на учење кој води до одлични оценки

Едeн од неодамна мошне применет метод кај учењето е методот на синтеза. Ево како овој начин на учење функционира.

0
2093

Второто полугодие e наголемо во тек, професорите предаваат, лекците полека се таложат, а започна и не баш омилениот дел од школските денови, испрашувањето. За да ги дочекате подготвени тестовите или усмените одговарања, мора добро да се „вооружите“, а со што друго ако не со знаење! 

Сите деца имаат начин на којшто учат, но тој понекогаш може да биде долготраен или неуспешен.

Сите би се согласиле дека начините на предавање и учење мошне се променети. Порано наставниците на учениците материјалот им го пренесувале така што им диктирале, што не е случај со модерното учење. Целта на модерното учење е учење на час.

Едeн од неодамна мошне применет метод кај учењето е методот на синтеза. Ево како овој начин на учење функционира.

Прва фаза: Она што прво би требало да go направите со лекциите е да ги прочитате. Со таа постапка ќе си создадете јасна слика во главата за што тој текст зборува за да можете подоцна да одработите еден од следните чекори. 

Втора фаза: По успешно одработената прва фаза, од текстот би требало да се извлечат сите информации. Личностите и годините ако учите историја, називите на сооединенијата ако учите хемија, физичките и општествените одлики на некои држави ако учите географија…

Трета фаза: Во оваа фаза би требало да ги одвоите битните од небитни информации кои порано сте ги издвоиле од текстот. Исто така, оваа фаза ќе ви биде важна за четвртата, претпоследната фаза.

Четврта фаза: Користејќи ги битните информации од претходната постапка, напишете пократок состав. Битно е тој состав да биде напишан со ваши зборови, бидејќи така најлесно и најбрзо ќе го совладате.

Петта фаза: Сега кога сè добро сте одработиле, ви преостанува само да ја научите својата верзија на лекцијата, а успехот ќе ви биде загарантиран!

Важна напомена: Немојте да ги учите напамет лекциите, бидејќи така научениот материјал нема никаква цел и брзо ќе го заборавите! 

Фото: www.detinjarije.com

 

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]