Мајка на 12 деца вели дека е зависна од раѓање

Британката Шерил Прудам која од државата добива бенефиции во вредност од 80.000 фунти годишно, е бремена со своето 13. дете

0
527

Една мајка на 12 деца од Велика Британија изјавила дека е зависна од раѓање бебиња, откако објавила дека е бремена со 13. дете.

Шерил Прудам, 34, за британската утринска програма изјавила дека за своето семејство кое е поголемо од вообичаените семејства, добива еквивалент од околу 80.000 фунти годишно. Бранејќи се од оние кои ја критикуваат затоа што зема толку пари од државата, Шерил вели: „Јас се грижам за моите деца и за моето семејство и тоа е се“.

Мајката која ја имала првата бременост на 17 години и дел од бременоста поминала во хостел за бездомници во Кент сега живее со своите 12 деца во Ланкашир и го очекува своето 13.дете кое треба да и донесе дополнителни бенефиции во износ од 1.300 фунти годишно.

Минатата година таа за списанието Closer изјавила дека сака уште едно бебе, но со друго момче затоа што била повредена од поранешното.

„Бев повредена од Роберт и тешко ми повторно да му верувам некому. Освен тоа, како би можела да најдам маж кој би бил волен да се грижи за моите деца? Сега кога моето најмало дете има речиси една година, се чувствувам подготвена за друго бебе и ми недостасува да држам новороденче во моите раце. Следниот пат сакам машко.“

Таа додала дека планира да побара донор во банка за сперма, во надеж дека ќе може да има дете без да влезе во врска.

[better-ads type='banner' banner='999' ]