Мајка и дете и dm наградуваат: Што да прават татковците за да бидат ТАТКОВЦИ?

Татковци, напишете ни накусо кои се вашите обврски и што е она што вие го правите најдобро за вашето дете. Петте највредни татковци ќе заработат по еден сет-производи од babylove за своите најмили. (Пожелна е заедничка фотографија со вашето дете)

0
773

Оптоварени со проблемите на работа, грижата околу отплаќање на кредитот и други егзистенцијални прашања, често не стасуваме ни да забележиме дека времето едноставно лета. Додека да се свртиме, децата пораснале, а моментите што сме ги пропуштиле во текот на нивното растење никогаш нема да се вратат.

Најчесто со ова се соочуваат татковците кои или не живеат повеќе со семејството или пак се презафатени со работните обврски и поголем дел од денот се надвор од домот. Што и да е причината за вашето отсуство, обидете се да ги оставите проблемите пред прагот, а вашите деца ќе знаат како да ви возвратат.

„Вклучете се“ на време

Пред бременоста анализирајте кои особини не сакате да ги има вашето дете и обидете се да ги смените. За време на бременоста бидете дел од планирањето. Бидете присутни на породувањето, Пресоблекувајте го бебето. Заспивајте го, научете некои приказни или измислете неколку.

Семејството на прво место

Натпревари, концерти, ресторани, кафулиња, фудбал, кошарка,…сето тоа ќе ви биде достапно и за некоја година, но вашите деца повеќе никогаш нема да бидат на таа возраст, со тие потреби. Ставете ги во втор план своите потреби, барем на некое време. Посветете им се на децата и на семејството. Играјте си со нив, забавувајте се, учете, шетајте …

Покажувајте ги чувствата

Децата уживаат во прегратки, во игри, во пеење, раскажување приказни… Зборувајте им колку се неверојатни, колку се креативни, интелигентни. Ако вашите родители не успевале да ги изразат своите емоции кон вас и не знаете како се прави тоа, научете самиот како да им покажете на вашите деца дека ги сакате најмногу на свет.

Напишете ни накусо кои се вашите обврски, што е она што вие го правите најдобро за вашето дете. Петте највредни татковци ќе заработат по еден сет-производи од babylove за своите најмили. (Пожелна е заедничка фотографија со вашето дете)

Сетот содржи:

  1. babylove Ultra Sensitive лосион за бањање, 200 мл
  2. babyloveкрем против осип, 75 мл
  3. babyloveлажички, 5/1

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]