Колку долго треба да се чека за второ дете?

Лекарите советуваат мајките да почекаат барем 18 месеци пред повторно да зачнат. Дали е ова навистина идеално растојание?

0
2950

Според истражувањето на Центарот за контрола и превенција на болести, речиси третина од жените сметаат дека возрастната граница помеѓу нивните деца е премала.

Лекарите советуваат мајките да почекаат барем 18 месеци пред повторно да зачнат, што значи дека возрастната разлика помеѓу децата би била нешто повеќе од две години.

Зошто токму 18 месеци? Мнпгу е важно жената да му даде на своето тело доволно време за да се опорави. Освен тоа, премалото растојание помеѓу двете бременоти често можат да доведат до предвремено породување, а зголемен е и ризикот од оштетување на плодот и подоцна може да доведе до пробематично однесување кај децата.

Секако, важни се и личните причини. Додека некои родители сакаат разликата во возраста помеѓу децата да биде поголема за да може поголемото дете повремено да се грии за помалото, но и да му биде заштитник во текот на животот, на други родители им е многу поважно возрастната граница да е што помала за да можа децата заедно да си играат и да растат.

Разликата од 18 месеци помеѓу двете бремености не мора нужно да значи опасност за вас, но мора да сте свесни за ризиците. Исто така, кога ќе видите како излегувате на крај со одгледувањето на едно бебе, одлучете дали би можеле истовремено да се грижите за уште едно бебе. Додека се роди следното дете, ако разликата помеѓу нив е мала, поголемото дете и натаму ќе биде зависно од вас.

[better-ads type='banner' banner='999' ]