Апликацијата „ReplyASAP“ презема „контрола“ над екранот на мобилниот телефон и го активира алармот кој не престанува се додека детето не одговори на повикот или пораката.
Авторот на апликацијата Ник Херберт од Лондон, татко на 13-годишно момче, објаснува дека бил „фрустриран од постоечките паликации за оспраќање на пораки“, па креаирал сопствена – за да биде сигурен дека синот ќе му одговори.
ReplyASAP „го мачи“ оној кому му е испратена пораката се додека не одговори – го блокира системот на телефонот и го држи алармот активен се додека оној кој го упатил повикот не добие одговор.
На овој начин, игнорирањето на повиците или пораките од родителите станува невозможно. Апликацијата овозможува и известување за тоа дали е пораката прочитана. Херберт вели дека во текот на осумте месеци работа на оваа апликација, го консултирал синот Бен во врска со дизајнот и идејата. Според Херберт, Бен сфатил дека ReplyASAP е „корисна алатка“.
ReplyASAP e достапна на платформата Play store, само во Велика Британија, а засега функционира само на андроидите.