Кој комуницира подобро со бебето: Мама или тато?

Време е сериозно да поразговарате со вашето бебе!

0
707

Дали некогаш сте гедале како другите родители комуницираат со детето? Марк ВанДам, стручњак за говор и слух на државниот универзитет во Вашингтон ги набљудувал и ги снимал мајките и татковците во интеракција со нивните бебиња за да ги утврди разликите во комуникацијата на мајката и таткото со детето.

Откритието до кое дошол воопшто не зачудува. Имено, Марк ВанДам докажал дека мајките развиваат посебен мајчински начин на комуникација, природно мајките го менуваат тонот на гласот и се повеќе склони кон нагалено зборување и гугање, додека татковците во повеќето случаи му зборуваат на бебето како на возрасна личност.

Така е потврдена теоријата дека се мајките задолжени за поинтимно поврзуввање со детето уште со говорот, додека татковците го подготвуваат бебето за комуникација со остатокот од светот со разбирлив и јасен говор.

Но, често се поставува прашањето кој пристап е подобар за детето. Френ Валфиш, психотерапевт од Беверли Хилс смета дека одговорот е многу индивидуален и се разликува од дете до дете.

Од мајките се очекува ваков начин на пристап затоа што се почувствителни заради дивеењето на хормоните, но и интимноста од првите денови е некако „вродена“, додека татковците битно се разликуваат. Има такви кои ќе бидат еднакво разнежнети како мајките, но повеќето се сепак посталожени и разговараат со детето како со возрасна личност.

Во јавност сите се однесуваме посериозно отколку во топлината на сопствените домови, па токму затоа истражувањето е спроведено во домовите на новопечените родители, бидејќи се таму најопуштени.

На гугањето од бебето, во топлината на сопствениот дом мајките одговориле со гугање дури во 84 отсто од случаите, додека татковците одговориле само во 27-33 отсто од случаите.

Без оглед на начинот на комуникација, сите научници се сложни во едно: Било каков облик на комуникација со детето е секако добар за неговиот развој. Така се подобруваат неговите јазични вештини и децата со кои многу се зборува или се гуга, по правило, порано почнуваат да ги изговараат првите зборови.
Време е сериозно да поразговарате со вашето бебе.

[better-ads type='banner' banner='999' ]