Кај некои жени ризикот од спонтан абортус е поголем отколку кај останатите па добро е да се знаат можните причини за ова.
Некои од факторите кои можат да предизвикаат несакан абортус се следниве:
Ако веќе претходно сте имале спонтан абортус – жените кои во минатото имале три или повеќе прекинати бремености по ред имаат многу поголеми шанси да го изгубат бебето.
Возраст – колку е жената повизрасна, толку е поголема веројатноста од хромозомски абнормалности, што на крајот можат да доведат до губење на бебето. Спроведени се бројни истражувања кои докажуваат дека жените кои наполниле четириесет години имаат двојно поголеми шанси да го изгубат бебето од дваесетгодишните мајки, иако тоа во никој случај не би требало да ги обесхрабри бидејќи постојат голем број жени на оваа возраст па и повозрасни, кои без проблем родиле.
Пушење и алкохол – за време на бременоиста исто така можат драстично да го згиолемат ризикот од губење на бебето.
Кофеин – студиите исто така покажале директна поврзаност помеѓу поголемите количини кофеин во организмот и зголемениот ризик од губење на бебето во раната бременост.
Ако користите лекови – некои лекови се поврзани со зголемена можност да дојде до прекин на бременоста. Токму затоа е многу важно да се консултирате со лекарот околу безбедноста и нус појавите од било кои лекови што ги земате, па дури и кога се упште само се обидувате да зачнете.
Обликот на матката – ако имате одреден облик на абнормалности на матката, може да дојде до губење на бебето.
Татковски фактори – малку е познат фактот колку всушност состојбата на таткото може да приодонесе за ризик од прекин на бременоста. Овој ризик се зголемува колку што е таткото постар. Истражувањата докажѓале дека спермата на таткото може да биде затруена со различни токсини, но исто така може без проблем да ја оплоди јајце клетката. Некои студии дошле до сознание дека до абортус може да дојде ако е таткото страствен пушач или пак бил изложен на жива, олово и некои други индустриски хемикалии.
Дијагностички постапки – постои зголемен ризик од абортус после биопсија на корионските ресички или амниоцентеза.
Дебелина – стручњаците спровеле истражувања и дошле до директна поврзаност помеѓу дебелината и губењето на бебето. Ако имате вишок на килограми или сте дебели, многу е важно редовното контролирање на развојот на плодот за да не дојде до губење на бебето.