Како прецизно да ја измерите температурата на бебето и кога е вистинското време да се обратите кај педијатар?
Постојат три основни постапки на мерење на температурата на новороденчето: преку увото, под пазувата и ректално. Последните години, стручњаците не препорачуваат орално мерење за деца помлади од четири години, бидејќи до таа возраст се склони на мрдање и резултатите кои топломерите ги даваат не се прецизни и сигурни.
За најпрецизно мерење се смета ректалното, но и методите кои се вршат преку увото и под пазувите даваат добри резултати.
Ако користите и ректален и метод на мерење под пазувите, користете различни топломери и означете ги, за да не ги помешате. Исто така, имајте на ум дека би требало да го разладите детето пред да му ја измерите температурата. Резултатите, имено, нема да бидат точни ако бебето е искапено со топла вода непосредно пред мерењето.
КОГА Е ВРЕМЕ ЗА ОДЕЊЕ НА ЛЕКАР?
Доколку вашето дете е помало од три месеци, обратете се кај педијатар кога неговата температура ќе достигне 38 степени. Децата на возраст помеѓу три и шест месеци мора да бидат прегледани од страна на стручни лица кога нивната температура изнесува 38,3 , додека бебето постаро до шест месеци мора да го одведете на лекар откако температурата ќе достигне висина од 39,4.
Основните постапки на мерење и нивните предности и мани се следните:
МЕРЕЊЕ ВО УВО
Топломерите за уво можат прецизно да ја одредат температурата на детето, но и ваквото мерење бара вежбање. Имено, доколку сензорот на апаратот не го поставите правилно во бебешкото уво, резултатот нема да се покаже прецизно. Меѓутоа, кога ќе ја совладате употребата на топломерот, ќе можете со сигурност да ја измерите температурата. Ваквите топломери не се користат кај децата помали од три месеци бидејќи нивните ушни канали се премногу тесни.
МЕРЕЊЕ НА ЧЕЛО
Што се однесува до дигиталните топломери кои се ставаат на челото на бебињата, тие се користат мошне лесно, но можат да бидат помалку сигурни од оние кои се поставуваат во увото. Се препорачува тие да се употребуваат при мерење на температурата на постаро дете.
МЕРЕЊЕ ПОД ПАЗУВИ
Наједноставната и најчестата техника на мерење на телесната температура може да се спроведе во дело при доењето или при која било друга ситуација во која вашето бебе е мирно и опуштено. Соблечете ја облеката на вашето дете и поставете го врвот на дигиталниот топломер под пазувите. Држете го другиот крај на апаратот додека ја покажува температурата. Иако е едноставен, овој начин на мерење е најмалку сигурен бидејќи надворешната температура може да биде и до 2 степени пониска од онаа измерена одвнатре.
РЕКТАЛНО МЕРЕЊЕ
Најпрецизен метод на мерење на температурата е ректалниот. Најпрво, дезинфицирајте го топломерот со сапун и со вода, а потоа премачкајте го врвот на апаратот со вазелин. Поставете го бебето на грб или на стомак во својот скут. Потоа поставете го топломерот во ректумот (не повеќе од два сантиметри!) и држете го додека не почне да се вчитува температурата. Имено, ваквото мерење може да го стимулира работењето на цревата, па немојте да се изненадите ако бебето изврши голема нужда.