Дали бебињата плачат во утробата на мајката? Еве што покажа истражувањето

На видеото објавено далечната 2005 година се гледа фетус во 33-та недела со изрази на лицето кои се јасно видливи на ултразвук и изгледаат како да плаче.

0
225
Фото: Unsplash

Сигурно сте сретнале трудници кои весело ви раскажуваат како бебето почнало да им клоца во стомакот, но дали некогаш сте се запрашале дали бебињата почнуваат да плачат додека се уште во утробата?

На видеото објавено далечната 2005 година се гледа фетус во 33-та недела со изрази на лицето кои се јасно видливи на ултразвук и изгледаат како да плаче.

Откако истражувачите го стимулирале фетусот со бучава и вибрации, го виделе како ја отвора вилицата, ја повлекува брадата и издишува три големи издишувања по ред додека истовремено ги крева градите и ја навалува главата назад, па завршува со треперење на брадата.

Значи, дали бебињата плачат во утробата? Психологот од Универзитетот Дурам во Обединетото Кралство, Надја Реисланд, вели дека зависи од тоа како го дефинирате плачењето.

„Ако вашата дефиниција за плачење е силен, неартикулиран плач или крик што изразува силно чувство или емоции, тогаш бебињата не плачат во утробата.

Тим на истражувачи предводени од Надја Рајсланд откриле, гледајќи ги сликите од ултразвук, дека фетусот вежба движења на лицето кои се исти како кога плаче, додека е уште во утробата. На тој начин се подготвува за раѓање и ослободување на функционалниот врисок карактеристичен за првиот здив на бебето.

Сепак, невозможно е да се знае дали гласните жици вибрираат и дали децата се обидуваат да произведат звук додека сè уште се во утробата.

Целта на истражувањето што го спроведе Реисланд е развој на корисна алатка која би овозможила идентификација на развојни нарушувања и други здравствени проблеми во матката.

[better-ads type='banner' banner='999' ]