Како најлесно да го упропастите детето во 10 чекори

Сместете се удобно, внимателно читајте и не дозволувајте да ве ремети вашето галениче. Додека вие читате за воспитувањето, дозволете му да прави што сака! Доколку се препознавте во некоја од наведените ставки, време е да реагирате!

0
560

Ако некогаш сте се запрашале дали грешите во воспитувањето на детето или сте на добар пат, можеби овој текст ќе ви биде од полза. Удобно сместете се, внимателно читајте и не дозволувајте да ве ремети вашето галениче. Додека вие читате за воспитувањето, дозволете му да прави што сака! Нека прави крш, нека фрла играчки, нека крши се низ дома, затоа што е тоа еден од начините да ја изрази својата креативност. Еве некои од современите методи на (не)воспитување:

  1. Наместо играчка, купете му мобилен. Нема сигурно да дозволите во ерата на модерната технологија вашето дете да си игра со играчки со какви што сте си играле вие.
  2. Не му дозволувајте на детето да се облекува само. И така во животот ќе мора сешто да работи, затоа барем вие поштедете го.
  3. Никогаш не го карајте заради нередот во соба. Од мал мора да се научи да живее во хаос, затоа што тоа неминовно го чека низ животот.
  4. Дозволувајте му да пцуе што повеќе и што почесто. Како поинаку би го научил мајчиниот јазик!
  5. Не го присилувајте да јаде овошје и зеленчук. И од грицки и слатки може да се најаде.
  6. Инсистирајте да поминува што повеќе време пред екранот. Зошто би си играло надвор и би вдишувало честички прашина. Најбезбедно е дома.
  7. Не му дозволувајте да трча, да скока, да шутира топка, да скока на ластик. Секоја физичка активност ќе го замори, а вие секако не сакате вашето чедо да биде уморно и исцрпено.
  8. Купете му се што ќе посака. Не е важно дали му е потребно или не, важно е да му ги задоволите сите барања.
  9. Дозволете му да ја занемари личната хигиена. Не само што ќе го поштедите детето од здодевни ритуали, туку и ќе заштедите на средства за лична хигиена.
  10. Кога ќе тргне на училиште научете уште во старт да заземе став. Мора да се знае кој е главен. Доколку учителката го погледне попреку или го опомене затоа што е немирен, задолжително реагирајте. Ако веќе сте го научиле дека е тоа секогаш во право, мора да му ја сочувате репутацијата.

Доколку се препознавте во некоја од овие ставки, време е да реагирате!

[better-ads type='banner' banner='999' ]