Дали се денешните деца позафатени од своите родители?

Кога би ги прашале денеска децата на возраст од 7 до 13 години каков им е животниот ритам, често би можеле да слушнете дека наутро одат на училиште, три пати неделно на спортска активност, еднаш во некоја училишна група, два пати на курс по англиски или германски итн...

0
279

Постојат деца кои имаат премногу обврски кои треба да ги завршат во премалку време. Тешко е да се каже дали е ова поради родителите кои од децата бараат премногу или е до децата кои сакаат да бидат во чекор со своите пријатели па одат на премногу дополнителни активности.

Сигурно е дека и децата и родителите имаат добри намери. Организираните активности го поттикнуваат социјалниот развој, им овозможуваат на децата простор за вежба и за стекнување на нови вештини, најчесто им се забавни. Но стручњаците велат дека добивката е помала отколку што мислат повеќето родители. Помеѓу толку барања за најдобра едукација, спортување, совладување на разни вештини, некаде патем е загубено основното барање на детството – семејниот живот.

Вака пренатрупаниот распоред води до стрес – на родителите кои се во постојано трчање развозувајќи ги децата од една активност на друга, но и на децата.

Клучот е во рамномерноста и балансот помеѓу организираните и неорганизираните активности, во балансот помеѓу животот во и надвор од семејството.

„Повеќето деца повеќе би сакала да си играат во двор или на улица отколку да сенатпреваруваат за место во спортскиот тим “, вели Стенли Гринспан, професор на педијатриска психијатрија на универзитетот Џорџ Вашингтон. „Децата од сите возрасти сакаат повеќе време со своите семејства и ако ги прашате секогаш ќе одберат неструктурирана игра со родителите или пријателите отколку структуриран спортски тренинг.“

Денеска родителите им го полнат распоредот на своите деца толку што речиси не им останува простор за игра со родителите, браќата и сестрите, врсниците. Родителите често знаат да се изгубат бомбардирани со разни слободни активности, не знаат кога е доста и кога да зпарат – особено ако имаат многу љубопитно дете или дете кое има премногу енергија.

Гринспен наведува пет основни правила во планирањето на сатницата на вашето дете:

Секогаш ставајте го семејството пред се

Овозможете му на детето многу време за слободна интеракција со пријателите.

Слободните активности планирајте ги во преостанатото време (откако ќе ги задоволите првите две правила)

Овозможете му на детето избор на слободни активности

Имајте барем еден заеднички семеен оброк во денот.

Премногу активности нужно влијаат и на семејниот живот. Раштркани по разни делови од градот, членовите на семејството ретко се гледаат, а место за средби се почесто е автомобилот. На тој начин се губи времето за семејно поврзување, а колку се децата позафатени, се повеќе се губат и викендите кога се случуваат натпреварите, подготовките за натпоревари и слично.

Како да препознаете кога му е на детето премногу?

Порано или подоцна детето кое има премногу обврски ќе покаже некој од овие знаци:

Постојан замор, напнато однесување, или депресивно и безволно

Ќе се жали на болки во стомакот или на главоболки

Ќе почне да заостанува во извршувањето на училишните обврски.

Стручњаците советуваат: ограничете го детето на еден спорт и една дополнителна активност и внимателно планирајте го времето за семејството, посветете им се на своите деца. Возењето велосипед, прошетки во природа, друштвени игри, слушање музика или време кога едноставно не се прави ништо, му овозможуваат на детето одмор од шестчасовниот престој во училиште, 1-2 часа работа на задачите дома, неколку часа неделно слободни активности. Соберете ја нивната сатница и имајте на ум дека децата треба да имаат време кога можат да бидат – деца.

[better-ads type='banner' banner='999' ]