Тајната на оваа креативна мајка е во порциите. Таа ги прави со стил, а секоја, ама на секоја намирница употребена за оброците на нејзиниот син Игњат е здрава како дрен. Сите знаеме дека децата уште од мали треба да се научат да јадат здраво и да стекнат здрави навики, но проблемот е како да се направи тоа. Но ако сите мајки готват како оваа, веројатно нема да биде тешко да се направи тоа.
Наместо „здрава храна“ таа на своето синче во чинијата му ги сервира Шилјо, Црвенкапа, Сунѓерот Боб и останатите популарни детски ликови.
Првата приказна што му ја читав е „Црвенкапа“ и таа му е и натаму најдрагата приказна, вели мајката на Игњат.
Здрави палачинки
Состојки:
3 лажици интегрално брашно од спелта
3 лажици мелени ореви
1 лажица кокосово брашно
1 лажичка кокосово масло
Приготвување:
Спојте ги сите состојки и пржете палачинки на кокосово масло на умерена температура. За една палачинка ставајте две лажици тесто. Смесата е доволна за 5 палачинки.
Интегрален леб:
Состојки:
200 г интегрално брашно
200 г интегрално брашно од спелта
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка морска или хималајска сол
3 лажици маслиново масло
400 мл кисела вода.
Приготвување:
Соединете ги сувите состојки, а потоа додадете масло и вода. Ставете ја смесата во тепсија обложена со хартија за печење, по желба поросете семки и со мокра дланка залепете ги за лебот. Печете на 200° околу 30-40 минути. Врелиот леб завиткајте го во мокра крпа и оставете го да се лади.
Пилешки плескавици и цацики сос:
Состојки:
200 г пилешко бело месо
2 јајца
50 г овесни снегулки
2 чешни лук
1 мала главица кромид
Домашен зачин од зеленчук
Црн пипер
Сусам
Приготвување:
Се освен сусамот ставете во сецкалко, а кога ќе се соединат додадете го сусмот по желба. Пржете на загреана грил тава или печете во рерна.
Цацики сос: изрендајте ја краставицата ситно, додадете павлака, малку сол, малку лимон, маслиново масло и малку лукче.