Што е тоа што го сакаат сите бебиња на светот?

Дали живеат на исток, на запад, на север или на југ, сите бебиња се исти кога станува збор за некои нешта

0
1021

Еве кои се работите што ги сакаат сите бебиња на светот и тука се сосема исти.

Ги сакаат мама, тато и другите членови на семејството, сакаат да ставаат се во уста, да чукаат по се и да се галат. И уште многу нешта се универзални помеѓу супер индивидуалните бебиња, а тоа нешто што го сакаат сите од ред, кога ќе застанат на нозе, тоа е дефинитивно – играње на музика!

Дали постои дете што нема да се разигра ако му пуштите погласна музика? Кое нема да се растанцува во оној познат бебе стил, чуден и неизмерно шармантен?

Веројатно не постои. И затоа, од денеска па натаму, пуштајте им почесто. Докажано е дека музиката го крева доброто расположение, а тоа е само капка во морето на нејзината важжност во животот на луѓето, особено на децата.

Музиката позитивно влијае врз развојот на умните и физичките способности на децата, ја поттикнува нивната креативност, ослободува од стрес, ја совладува тремата од настап пред другите, ја крева самодовербата

Затоа секојдневно пуштајте им музика и тоа не само детски песнички. Поттикнувајте им ја љубовта кон сите жанрови и така побрзо ќе откријат што им се допаѓа. Само ве молам немојте турбо фолк! По ниту една цена.
Пеењето, свирењето, танцувањето повеќе нема да бидат само гласна радост, ќе биде тоа еден цел повеќеслоен процес низ кој детето ќе развие подобра перцепција , а со телото и со мимика подобро ќе ја развива невербалната комуникација.

Познато е и дека музиката ја лекува депресијата и го елиминира стресот па затоа на своето дете понудете му музика отколку да го огнорирате во некој негов напад на лутина.

Baby Dance

Let’s dance ? ??

Posted by Pregnant Life on Петок, 13 октомври 2017

[better-ads type='banner' banner='999' ]