Секогаш кога тргнувате на пат со децата, мора да мислите на многу работи, па не е лошо да погледнете некоја од нашите идеи за да не се најдете неподготвени во некоја ситуација патем.
Од секоја чаша, пластична или стаклена можете брзо и лесно да направите „патна чашка“ ако ја затворите со проѕирна фолија и низ неа пикнете сламка.
Старата кутија за чување цедиња можете лесно да ја претворите во кутија за боици и друг прибор за цртање што ќе го користите во автомобилот.
Ако немате таблет или мобилно двд на кое би можеле во најкритичните периоди од патувањето, кога веќе ќе им стане бескрајно здодевно, да им пуштите цртани филмови, ставете го својот мобилен во заштитна кеса и залепете ја на седиштето пред детето.
За да не се извалкаат во вашата чанта, ставете ги цуцлите лажалки во мали кутии, како овие.
Понесете бебешка пудра доколку одите на летување и малку ставете им на вашите деца, но и на себе на нозете и стапалата и на тој начин ослободете се од песокот од плажа и на тој начин зачувајте ги чисти вашиот апартман и автомобилот.
Своите и детските чевли најлесно ќе ги изолирате од остатокот од облеката ако ги ставите во најлонски капи за туширање.
Олеснете му го на детето спиењето во автомобилот такашто безбедносниот појас на задното седиште (не оној од детското седиште) ќе го претворите во перница.
Ако се плашите дека вашето дете може да се изгуби во непознат град, направете му алка со вашиот број на мобилен.
Шишенцата и играчките прицврстете ги за детското седиште во автомобилот за да не мора постојано да ги барате низ автомобилот.
Спакувајте ја однапред облеката за вашите деца, такашто ќе ја спарите и ќе им направите комбинации за секој ден и ќе ги сместите во посебни пластични кеси.
Сошијте или набавете вреќичка во која за време на патот ќе ги фрлате отпадоците и закачете ја зад седиштето.
На патувањата со деца се секогаш можни непријатности. Затоа заштитете ги седиштата од автомобилот такашто ќе ги прекриете со чаршафи.
Како да ги занимавате децата за време на патувањето? Со лего коцки. Направете преносен лего сет од старата лимена кутија за кекси.