Бебе ѝ го „открило“ ракот на мајката

Одбивајќи да цица од дојката со тумор, бебето ја натерало мајката да оди на лекар и така да открие дека има рак

0
934

Мајка на три деца се зачудила кога забележала дека нејзиното бебе Лејла сака да цица само од едната дојка. На почеток Шакти Далал од Тексас мислела дека е бебето само пребирливо, но тогаш случајно, токму на дојката од која бебето одбивало да цица напипала нешто. Помислила дека станува збор за застој на млекото со оглед на тоа што бебето не ја исцицува, но за среќа сепак побарала и лекарско мислење.

Кога ги добила резултатите имала што да види: имала рак на дојка во трет стадиум кој се проширил и на лимфните јазли. Нејзиниот онколог ја потврдил можноста клетките на ракот да го менуваат вкусот на млекото од дојката и да му дадат одредена горчина. Воедно тоа било и можно објаснување зошто бебето не сакало да цица.

  • Почувствувала дека нешто не е в ред. Таа е мојот ангел чувар – прокоментирала мајката која направила еднострана масектомија и почнала со хемотерапии. Морала да престане да дои, но вели дека се помирила со тоа затоа што ѝ е најважно да преживее и да биде тука за своите деца.

Важно е да се напомене дека доените бебиња најчесто одбиваат да јадат од одредена дојка од две причини: едната е блокада на млекото, а втората – воспаление на увото, при што морате да се наместите така за на бебето да му е поудобно да цица на онаа страна која не е воспалена. Но, сепак не мора веднаш да помислите на најлошото, но ако сте сепак од некоја причина загрижени, најдобро е да се посоветувате со лекар.

[better-ads type='banner' banner='999' ]