Како да ги препознаете симптомите на овулација?  

Постојат многу симптоми со чија помош можете да ги следите плодните денови и овулацијата, а највообичаени се следењето на променливоста на вагиналниот исцедок и мерењето на телесна температура

0
2063

 

Доколку се обидувате да имате бебе, би било добро да ги утврдите плодните денови, односно, деновите кога се случува овулацијата. Постојат повеќе симптоми со тоа што највообичаени се промената во изгледот на вагиналниот исцедок и мерењето на телесната тенпература со тоа што со мерењето на температурата не може да се утврди кога ќе се случи овулацијата, туку промената во температурата се случува дури кога овулацијата веќе се случува.

Утврдување на плодни денови:

Со мерење на телесната температура

Телесната температура треба да ја мерите наутро, после будење и да ги забележувате промените. Доколку имате редовен циклус тоа би требало да изгледа како на фотографијата долу. Црвените точки се варијации кои ќе зависат од циклус до циклус, а зелената линија е рамковна мерка. Температурата е најниска пред овулацијата, а потоа, после овулацијата се зголемува, за повторно да падне ден пред менструација. Доколку дошло до бременост, температурата нема да падне како на сликата туку ќе продолжу уште малку да се зголемува.

Со набљудување на вагиналниот исцедок

Првите симптоми на плодните денови е зголемениот вагинален исцедок. Следете го својот вагинален исцедок па ќе воочите дека за време на овулацијата е полизгав, транспарентен и растеглив. Напротив, кога нема овулација, тој е леплив и бел.

Со следење на либидото

Многу жени тврдат дека имаат посилно либидо во плодните денови.

Со следење на изгледот

Кај многу жени се поправа состојбата на кожата, исчезнуваат акните и практилно, за време на плодните денови најдобро изгледаат.

Болка на една страна од стомакот

Третина од жените чувствуваат послаба или посилна болка во пределот на долниот дел од стомакот во близина на јајниците на едната страна. Болката се случува заради патувањето на јајце-клетките низ јајцеводот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]