Истражување: Како се чувствува бебето во матката кога мајката плаче?

Сите знаеме дека на нероденото бебе влијае она што го јадеме и пиеме, но што е со она што го чувствуваме за време на бременоста.

0
6808

Бебето во матката може да ги почувствува негативните емоции на мајката.

Најновите истражувања покажуваат дека ембрионот стар шест месеци може да го почувствува расположението на мајката. И тоа не само привремено – стручњаците тврдат дека емотивното здравје на мајката во текот на бременоста остава одредена трага на детето и подоцна низ животот.

Па како тогаш влијае врз нероденото бебе ако мајката плаче? Некои од овие категории ќе ви дадат добар увид во тоа како емоциите го менуваат животот на бебето засекогаш.

За мајките под стрес

Сите мајки се понекогаш под стрес и повремениот стрес нема да влијае на вашето дете па не треба да се грижите за тоа. Но, долготрајниот стрес, анксиозноста и депресијата ќе остават големи последици.
Децата на депресивни мајки имаат 1.5 пат поголема шанса дека до 18.година од животот ќе развијат некој облик на депресија и ќе имаат емотивни проблеми како што е зголемена агресивност.
Наводно, депресијата, што е многу загрижувачки, влијае и на самиот развој на детето, но на многу необичен начин. Имено, стручњаците тврдат дека децата на мајките кои биле депресивни во бременоста и останале депресивни по породувањето, ќе се развиваат нормално. Еднакво како и децата на мајките со нормална емотивна состојба пред и после бременоста. Но ако само еден од тие параметри се промени, на пример, ако депресијата се појави или исчезне подоцна, тоа ќе го забави развојниот процес на детето.

За мајките што не ѝ се радуваат на бременоста

Ваквите мајки можат сериозно да му наштетат на емоционалниот развој на детето. Стручњаците сметаат дека децата кои за време на бременоста биле „несакани“, можат тоа да го почувствуваат и да ја развијат проблеми во однесувањето.

За мајките кои се повремено тажни
Ова не може да го избегне никој затоа што сите имаме лоши денови. Повремениот стрес, нервозата и тажното расположение нема да му наштетат на вашето дете.

Што да се преземе?

Ако сте склони кон мрачно расположение и инаку сѐ ве загрижува и ве нервира, тешко е да ви се нареди да бидете среќни. Но токму тоа е она што ви треба.

Обидете се да ги откриете причините за својот стрес или за незадоволството и да ги отстраните или барем да ги минимизирате.

Ослободете се од негативните и токсични луѓе околу вас.

Правете ги работите што ги сакате и што ве забавуваат.

Вежбајте – затоа што освен телесното, ќе ви се поправи и душевното здравје.

Секој ден одвојте си малку време за себе и правете нешто во што уживате.

[better-ads type='banner' banner='999' ]