Исхрана против анемија кај бебињата и децата

Најдобар избор на храна за бебињата во првите месеци е доењето. Покрај тоа што ги содржи сите потребни материи за здрав развој на бебето, мајчиното млеко содржи антитела кои ќе го изградат бебешкиот имунитет и така ќе го заштитат од инфекции

0
5976

Најдобар избор на храна за бебињата во првите месеци е доењето. Покрај тоа што ги содржи сите потребни материи за здрав развој на бебето, мајчиното млеко содржи антитела кои ќе го изградат бебешкиот имунитет и така ќе го заштитат од инфекции.

Доколку пак од кои било причини, не сте во можност да го доите своето бебе, друг избор е адаптираната млечна формула која обезбедува оптимални количини железо, витамин Д и есенцијални масни киселини.

По 6 месеци, потребите за железо кај вашето бебе ќе почнат да растат и тоа е период кога се почнува со воведување цврста храна (од 4-6 месец од бебешкиот живот). Нека првата храна која ќе му ја дадете на вашето бебе бидат житарки збогатени со железо кои ќе ги приготвите со мајчино млеко или со млечна формула. Полека воведувајте ги и другите производи богати со железо, месо, овошје и зеленчук.

Дали бебето треба да пие кравјо млеко во првата година?

Кравјото млеко, разредено или не, не се препорачува во исхраната на децата до една година па и понатаму, бидејќи не само што не содржи доволно количина железо туку и значително го искористува железото во организмот. Докажано е дека децата кои пијат кравјо млеко во првите 12 месеци од животот почесто се анемични од децата кои кравјото млеко го пијат дури по навршената една година.

Внес на железо кај децата

По првиот роденден на бебето при составувањето на менито водете сметка за изборот на производи и нивната комбинација.

Производи богати со железо се:

Кајсии
Пилешко, мисиркино, риба и друго месо

Грав, соја, леќа
Јајца
Црн дроб
Овесна каша
Путер од кикиритки
Суво грозје и суви сливи
Спанаќ, кељ и друг зелен зеленчук

Некои производи иако имаат висока содржина на железо (на пример, спанаќот), имаат ниска искористливост на железото бидејќи содржат и материи кои ја намалуваат неговата апсорпција. Понатаму, храната богата со растителни влакна исто така ја намалува апсорпцијата со железо. Витаминот Ц од храната или пијалаците помага во апсорбирањето на железото, додека, на пример, млекото го намалува.

Зелениот лиснат зеленчук има висока содржина на железо, но количината на зеленчук која би ја задоволила дневната потреба за железо значително ја надминува можноста која бебе или мало дете може да ја изеде, за разлика од месото или рибата кои потребната количина железо ја создржат во значајно помала вкупна количина. Потребно е да се јаде разновидна исхрана и во својата исхрана да се вклучат производите богати со железо и оние кои помагаат во неговата апсорпција.

Главните природни извори на железото во храната се месото, рибата, јајцата, зелениот лиснат зеленчук (особено е богат магдоносот), мешунките (грав, леќа, грашок), свежото овошје. Железото од месото и рибите во организмот 4-5 пати подобро го искористува од железото од другите производи.

Дневните оброци треба да содржат доволни количини свежо овошје и зеленчук, бидејќи тие производи содржат витамин Ц кој ја потпомага апсорпцијата на железото.

 

Фото: www.bebac.com

[better-ads type='banner' banner='999' ]