Што да правите кога детето не сака да оди во градинка?

Секоја генерација помалку или повеќе се сеќава на првото одење во градинка, а повеќето на крај не се чувствува последицата што тој ден нагло се одвоило од родителите. Така што ниту на вашет дете не може да му се случи ништо што другите веќе не го поминале.

0
2662

Секоја генерација помалку или повеќе се сеќава на првото одење во градинка, а повеќето од нас, на крај, не ја чувствуваат последицата поради тоа што тој ден нагло се одвоиле од родителите. Така што ниту на вашето дете не може да му се случи ништо што другите веќе не го поминале. 

Бидејќи децата денес тргнуваат мошне рано во градинка, малку постарите и децата на предучилишна возраст, меѓутоа, сепак знаат да објаснат поради што не им се оди во градинка.

Постојат неколку типични објаснувања:

Детето не го прифаќа одделувањето од родителите

Децата се парализирани од стравот од одделување и напуштање во тој момент. Посебно се чувствителни децата на рана возраст кои гледаат и чувствуваат ако родителот е несигурен, расплакан, а особено ако го пече совеста што го остава детето. 

Решението за тоа е дека на детето одењето во градинка мора да му го објасните:

– сигурно и самоуверено
– кратко и во термини коишто детето ги разбира
– тоа мора да знае дека вие мора на работа да одите и дека градинката е најбувато и најсигурното место

Како да му го олесните на детето одењето во градинка?

Многу голема улога во ваквото одвојување на детето од родителот, игра ставот на родителите за градинките и чувствата кои родителите во текот на таа разделба ги имаат. Ако мајката е преплашена, нервозна, тажна, детето ќе се однесува во склад со тоа: ќе биде раздразнето, преплашено и разделбата сигурно тешко ќе му падне. Значи, прво треба да се смири мајката, а пптоа – еве неколку важни совети: 

– Кога во носите детето во градинка претворете го тоа во игра. Пејте му ја омилената песна на патот до градинката и радувајте се заедно на дружењето со децата.

– Не одолговлекувајте со разделбата и ако детето плаче во тој момент. Прегрнете го, бакнете го, кажете му дека ќе дојдете по него и оставете го. Нормално е детето на почетокот да биде тажно, но само што ќе ја напуштите просторијата тоа ќе се заигра и ќе заборави дека ве нема. Со долгото поздравување ја продолжувате агонијата на разделбата и му отежнувате на детето уште повеќе.

– Кога ќе се вратите од градинка посветете се на детето, одете надвор, играјте си заедно, надоместете му го времето што сте го поминале одвоено. Запомнете дека децата немаат поим за времето и дека многу поважен е квалитетот на времето што го поминувате заедно отколку квантитетот.  

Дали треба да му верувате на детето ако се жали на градинката или на воспитачката?

Ако детето воопшто и спомне нешто слично, бидете упорни и нека детето ви објасни. Во секој случај, во однос на тоа што детето ќе ви го каже, ќе ви биде полесно со воспитувачката да се договорите како тоа ќе го решите. Не се залетувајте и веднаш не ги напаѓајте воспитувачките. Испрашајте ги другите родители и поразговарајте со сите воспитувачи. 

Меѓутоа, доколку станува збор за типични проблеми на децата кои штотутку тргнале во градинка посоветувајте се за тоа дали детето да го одведете кај психологот или да најдете друго решение. Слично можете да постапите и ако детето се жали на другите деца, на храната во градинката или ако одбие да спие.

Почитувајте го интегритетот на воспитувачките

Имајте на ум дека како родители можеби не сте до крај објективни имајќи предвид дека на сите родители нивното дете им е најдоброто на светот. Објаснете му на детето дека во градинката ќе наиде на различни деца и дека можеби нема да се согласува со сите, но секогаш да се труди да биде другар.

Проблем со спиењето во градинката

Ако вашето дете не сака ниту по подолго време да спие во градинката, ниту тоа не е нерешливо. Постарите деца можеби и ќе можат да си играат во тишина, додека на помалото дете тоа веќе ќе му дојде природно кога ќе ги види и другите деца.

[better-ads type='banner' banner='999' ]