Детска гинекологија: Интимниот свет на девојчињата

Дали девојчињата можат да користат интимен сапун? До која возраст се употребуваат бебешките креми? Што да направиате кога ќе се појави секрет на долната облека на девојчето? На овие и слични прашања, одговор дава детска гинекологија.

0
5697

Дали девојчињата можат да користат интимен сапун? До која возраст се употребуваат бебешките креми? Што да направите кога ќе се појави секрет на долната облека на девојчето? На овие и слични прашања, одговор дава детска гинекологија.

Негата на девојчињата ја одликуваат специфичности – кои е важно да ги знаете, за да не дојде до несаканите ситуации. Современите мајки се трудат да дознаат што повеќе корисни информации, да разменуваат искуства… но, често доаѓа до грешка, пред се, во секојдневното одржување на хигиената на интимните делови на телата на женските деца. Неретко во пределот на половите органи или на долната облека на девојчињата се забележуваат траги од секрет, па и од крвавење. Тогаш не треба да се прибегнува кон „проверени“ рецепти како што е плакнење со камилица или со сода бикарбона, туку да се обратите кај стручњаци од областа на детската гинекологија. Оваа гранка на медицината научно ги решава наведените и другите проблеми кај девојчињата на возраст до 10 години. Затоа, нема потреба да се доживува како баук, пред се, од страна на родителите, а со самото тоа и на децата.

Специјалистите по гинекологија и акушерство одговараат на прашањата на оваа тема – поеднакво чувствителна и за децата и за родителите – како правилно да постапуваме.

Кои се најчестите гинеколошки проблеми кај девојчињата во предучилишна возраст?

– Најчести проблеми се инфекциите во регијата на надворешните генитални органи. Инфекцијата може да се препознае по црвенилото на надворешните гениталии, односно големите и малите полови усни, како и по појавата на секрет кој се појавува помеѓу половите усни или остава трага на гаќичките. Кога станува збор за бебињата, тие инфекции обично долго траат – поради што, како одбранбен механизам, на заболените површини се појавуваат наслаги на фибрин.

Со тек на времето, тоа доведува до слепување на површините зафатени со инфекција, односно слепување на малите полови усни, што при прегледот се воочува како тенка мембрана која го прекрива хименалниот прстен. Доколку станува збор за опсежни промени, тие се протегнуваат и на регијата пред уринарната цевка. Тие адхезии, односно синехии родителите често не ги забележуваат, туку ги откриваат педијатрите во советувалиштето. Понекогаш се развиваат опсежни синехии, кои покрај малите полови усни ја зафаќаат и регијата на клиторисот, или се протегнуваат помеѓу малите и големите полови усни, менувајќи го во значајна мерка изгледот на надворешните гениталии. Во тие ситуации не чуди фактот да се појави сомнеж и на аномалии на надворешните гениталии.

Што е причина за инфекцијата?

– Тоа може да биде бактерија која од уринарната цевка или од дебелото црево, кое е во непосредна близина, се проширува на регијата на половите органи. Потоа, може да биде последица на опаѓање на отпорноста и, со самото тоа, појава на некои поретки инфекции, односно на ретки бактерии во таа регија. Но, најчесто во предучилишната возраст се појавуваат стрептококи кои, главно по механички пат – со рачињата или со заедничките тоалети, се пренесуваат од едно дете на друго. Така откриените стрептококи често се знак на латентна инфекција, односно на пренесување на микроби.

Што е превентива за децата коишто одат во градинка и користат ист тоалет?

– Превентивата за тие деца е, пред се, да се научат на правилно одржување на хигиената – како во тоалетот, така и по излегувањето од него. Тешко е да се научи мало дете да не седи на шолјата, но во еден момент и тоа се случува. Исто така, многу е важен правецот, насоката на бришење – од напред кон назад.

Она што мораме да го имаме предвид е дека бактериите се насекаде околу нас и дека цел живот го поминуваме со нив. Но, треба да се научиме на животот со бактерите и дека со нив немаме никаква тегоби. Таа заштита ни ја пружа нашиот имунолошки систем. Помалиот број бактерии не создава никакви проблеми. Дури кога се размножуваат во голема мерка и ја заземаат флората на половите органи – се појавуваат проблемите. Правилниот начин на одржување на хигиената гарантира здрави надворешни гениталии и го спречува настанувањето на условите кои се поволни за размножување на бактериите.

Што подразбира адекватна хигиена на интимните делови на телата на девојчињата?

– Она што е од значење, е правилната употреба на водата. Кога станува збор за одржување на хигиената – разните сапуни, купки, шампони… ние секогаш советуваме да се користат за телото и задникот, а за половиот орган само чиста вода и ништо повеќе. Со хемиските средства се отстранува масниот слој од кожата околу вулвата и обично е потребно да се надомести со мачкање бебешки крем – по избор. Мајките ги користат додека девојчињата се мали, во пелените, но со нивната употреба треба да се продолжи секоја вечер по туширањето, до пубертетот. Со настапувањето на пубертетот и со појавата на половите хормони кои дејствуваат на надворешните гениталии, таа регија ќе стане поотпорна на бактериите. Од друга страна, се подготвува за она што следува, за сексуалните односи – во текот на кои, доколку не се користи механичка контрацепција (кондом), се разменуваат бактериите помеѓу партнерите.

На детската возраст, за да биде кожата поотпорна, треба да биде заштитена и со масен слој. Кога таа регија е отпорна, тогаш седењето на тоалетната школка еднаш, два пати дневно нема да резултира со инфекција.

Дали е корисно да се употребуваат влажни марамчиња?

– Влажните марамчиња што се користат за интимната хигиена, се добро решение за патувањата, одморите, но нивната редовна употреба навистина не е потребна. Посебно е важно да се нагласи дека бебето треба да се измие откако ќе изврши голема нужда, а не само да се пребрише со влажните марамчиња. Денес имаме појава каде на девојчињата многу порано им се „слепува“ гениталниот орган, токму поради употребата на дезинфекциенси во облик на купка, сапун или влажни марамчиња – кои го отстрануваат масниот, заштитен слој на кожата на гениталиите. И, секако, во ништо не треба да се претерува, па ниту во миењето и плакнењето. Сосема е доволно девојчињата еднаш дневно да се измијат со чиста вода и да се намачкаат со бебешки крем.

– Што треба да претставува сигнал за родителите за евентуално одење кај лекар?

– Ако се случи девојчето малку да се „зацрвени“, тој проблем се решава со поинтензивна употреба на кремот, па најчесто нема потреба од специјална терапија. Но, ако таа тегоба е присутна подолго време, или ако се појават симптоми на чешање, пецкање додека детето уринира… тогаш треба да го однесете кај гинеколог, каде што ќе се утврди причината за проблемот и адекватно ќе се реши.

Кај девојчињата кај кои со денови се појавува трага на гаќите, а притоа се жалат и на тегоби или непријатност во гениталната регија, исто така се советува одење кај гинеколог. Многу е важно гинекологот да го прегледа детето, да им го објасни на родителите правилниот начин на одржување на хигиената и да даде предлог за терапија – која ќе биде добро решение додека не се добијат резултатите од бактериолошкиот брис на вагиналниот секрет и бактериолошкиот брис од надворешните гениталии. Во однос на добиените резултати, се советува и примена на антибиоткса терапија – без разлика дали станува збор за локална, во облик на масти или систематска, со пиење антибиотици во облик на сируп.

Гинеколошкиот преглед за децата не е болен, па со самото тоа не треба да биде ниту травматичен. Затоа е важно детето добро да се подготви, да му се објасни дека тоа е преглед како и секој друг.

Многу родители веруваат дека детето на плажа ќе се чувствува попријатно ако не носи костим за капење. Дали тоа е исправно?

– Колку и да ни изгледаат малите деца симпатично дека по плажата се шетаат без костими за капење, бројни се причините поради кои родителите би требало да инсистираат детето да биде адекватно облечено. Костимите за капење се бариера која децата ги чува од контакт со микроорганизмите на површините на кои децата седнуваат. Освен тоа, ситниот песок често се залепува за половите органи, а во еден момент може да се најде и во вагината на девојчињата. Така настанува туѓо тело во вагината кое предизвикува инфекција и долготрајни тегоби, а тие можат да се отстранат дури со вадење на туѓото тело. Тоа може да се случи и кај децата кои во текот на летото без гаќи си играат по дворовите, или во својот дом – каде што можат да седнат на ситните предмети или деловите на играчките, кои гинеколозите подоцна ги вадат како туѓо тело од вагината.

Кои повреди на гениталиите можат да се случат?

– Повреди можат да се случат кај децата кои се малки потемпераменти, па сакаат да прескокнат разни препреки. Во текот на играта може да дојде до паѓање на тврда подлога, кога децата се „возат“ на пречка, држачот на скалите или на тобоган, а тогаш се можни повреди од типот на оток, односно на хематом. Овие повреди крвават и тоа обично станува причина поради која родителите девојчињата ги носат кај гинеколог. Со гинеколошкиот преглед се утврдува за каква повреда станува збор и, доколку е површна, најчесто со посета кај лекарот се се завршува. Исклучително ретко е потребно да се ставаат шавови, за да се санираат повредите, но се забележани и оние кои биле проследени со повреда на подлабоки структури па дури и со фрактура на малата карлица.

Зошто доаѓа до вагинално крвавење кај девојчињата и колку често тој проблем се појавува?

– Крвавење во детската возраст не се очекува, а кога ќе се појави, предизвикува страв кај родителите. Тоа може да биде предизвикано од најнаивна инфекција во вагината, предизвикана од ешерихија коли, а со решавањето на причината за таквите инфекции имаме и решен проблем. Веќе спомнатото туѓо тело во вагината, исто така, може да биде проследено со повремено вагинално крвавење. Меѓутоа, крвавењето понекогаш претставува знак за сериозни нарушувања.
Крвавењето коешто наликува на менструално може да биде единствен или еден од знаците на предвремен пубертетски развој. Таквата ситуација бара детално испитување, а потоа и лекување на девојчето, која поркај гинекологот ќе ја следи и ендокринолог.

Дали е опасно ако на девојчињата им се зголемат дојките?

– Воочено е дека кај девојчињата на возраст од втората до третата година од животот почесто се појавуваат почетен раст на дојките. Оваа појава е изолирана, не е проследена со останатите знаци на пубертетски развој, и не резултира со предвремен пубертет. Зошто е тоа така, главно нема вистинско објаснување, бидејќи со анализата на крвта кај тие девојчиња се откриваат нормалните нивоа на половите хормони. Но, кај нив жлезденото ткиво на дојките реагира и на нормалните, односно на зголемените вредности на половите органи. Тоа, инаку, почесто се гледа кај девојчињата кои се пополнички. Родителите се исплашени во такви ситуации, но по спроведените испитувања се смируваат, бидејќи сфаќаат дека станува збор за здрави девојчиња, кои имаат целосно комплетно нормално растење, вообичаено настапување и развој на пубертетот.

Како се препознава предвремениот пубертет и дали тоа е сериозно нарушување?

– Доколку кај девојчињата помлади од осум години се појават знаци на пубертетски развој, тие можат да укажуваат на предвремен пубертет. Тоа може да биде забрзан раст во висината, па девојчињата стануваат значајно повисоки во однос на своите врснички, или се појавуваат пубична влакнавост или растење на дојките. Кај овие деца е потребно да се спроведат потедатални испитувања и, доколку се потврдат сомнежите на предвремен пубертет, настапува лекување. Потребно е и девојчињата редовно да се контролираат кај ендокринолог и гинеколог, за да се следи терапевтскиот ефект и да се одреди моментот кога терапијата ќе се укине. Со укинувањето на терапијата, пoвторно се продолжува со пубертетскиот развоj кој има вообичаен тек.

Значи, може да се каже дека е важно навреме да се препознае предвремениот пубертет, бидејќи со правовремено започнување на терапијата пубертетскиот развој се одложува до возраста кога се очекува.

Дали „виновниците“ за правовремениот пубертет треба да се бараат во храната која изобилува со адитивите?

– Вистина е дека во последно време се почесто се спомнува присуството на разни адитиви, па и на хормони во храната – како од животинско, така и од растително потекло. Сепак, тие не можат да се прогласат за причина за предвремен пубертет. Бидејќи, тоа би значело дека кај сите деца кои јадат иста храна може да се очекува предвремен пубертет. Постојат различни ситни, суптилни механизми кои доведуваат до настапување и развој на пубертетот. Почетокот на пубертетот, па и на менструалното крвавење кај девојчињата, во последните години се поместил на помлада возраст, а објаснувањето се наоѓа во подобрите социо-економски услови на растење и на подобрата исхрана на децата. Денес се смета дека пубертетскиот развој кај девојчињата нормално настапува на возраст од осмата година од животот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]