Ова храбро девојче го врзало својот заб за конец, а конецот за стрела. Го затегнала лакот и заедно со стрелата го лансирала и сопственото запче.
Некогаш врв на технологијата за вадење климави запчиња било врзувањето на забот за квака од врата. Меѓутоа, денешните деца се малку поинвентивни. Откако го видела резултатот од својата акција, прокоментирала: „Отиде!“
Во близина цело време е и нејзиниот горд татко кој ја охрабрил самата да го реши случајот со разнишаното запче.
Храбро девојче си извадило заб со лак и со стрела (видео)
Ова храбро девојче го врзало својот заб за конец, а конецот за стрела. Го затегнала лакот и заедно со стрелата го лансирала и сопственото запче.